Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Роберт Попов

  • Играч

1999–2003

Биографија

Роберт Попов, легенда на македонскиот и струмичкиот фудбал. Два пати најдобар играч во Македонија, македонски репрезентативец на 17 натпревари (2001-2009) и интернационалец во тимовите на Оксер, Литекс…

Роберт Попов ги поминува сите младински категории на Беласица, а во 2002 година го освојува младинскиот куп на Македонија, заедно со Балдовалиев, Масев, Г. Попов…

За Беласица, во 5 сезони Попов одигрува 112 првенствени натпревари и постигнува 9 голови. За првиот тим на Беласица дебитира во мај 1999 година против Башкими во Куманово, на 17 години. Во следната 1999/2000 година, Беласица ја освојува титулата во Втората македонска лига, а Попов настапува на 25 првенствени натпревари и дава еден гол против Вардар во Неготино. Во следната 2000/01, со Беласица е на 4. позиција, а тој игра на 23 натпревари. Одбраната на Беласица во таа сезона ја сочинуваат: И. Златановиќ, Р. Попов, З. Поп-Панев, В. Костов, Ш. Туна и Р. Дориев. Во јули 2001 г. дебитира за сениорската македонска репрезентација на 19 години. Летото 2001 г. Г. Пандев и А. Стојков заминуваат во Интер, но Беласица ќе биде втора во шампионатот во сезоната 2001/02. Р.

Попов е новиот предводник на тимот и епрогласен за најдобар играч на македонското првенство, игра на 30 првенствени натпревари и дава 2 голови. Со младинците го освојува купот на Македонија во 2002 година. Сезоната 2002/03 е неговата последна сезона во Беласица. На 16 октомври 2002 г. игра како стартер за Македонија против Англија во Саутемптон во легендарното реми, 2:2. Во сезоната 2002/03 повторно е брилијантен во дресот на Беласица, пак е прогласен за најдобар играч на Македонија. Беласица е пак вицешампион, а Попов игра на 30 натпревари и со постигнати 5 голови е втор стрелец на тимот, зад З. Балдовалиев. Покрај нив двајца, во тимот се и: капитенот В. Костов, П. Стојанов, Н. Танушев, Р. Дориев, Д. Масев, Б. Михајловиќ… Последен негов натпревар за Беласица е во победата од 1:0, над Вардар од Скопје, во јуни 2003 година.

Летото 2003 година преминува во Литекс во Бугарија, каде ќе игра 4 и пол сезони и ќе освои два купа на Бугарија. Во јануари 2008 г. заминува во Оксер, во Првата француска лига, каде пролетта ќе одигра 6 натпревари. Но, за жал, честите повреди ќе ја запрат неговата кариера. Летото 2010 г. заминува во Кипар. А летото 2011 година заминува во Швајцарија, каде ќе игра во помали клубови, а поради повредите, во јуни 2016 г. ќесе откаже од фудбалот. Фудбалер со префинета техника и чувствоза игра, единствен кој два пати последователно е прогласен за најдобар играч на Македонија.

Кариера

Беласица

Настапи
112
Голови
9

За репрезентацијата

Настапи
17
Голови
0

Настапи и голови за македонската репрезентација, според биографиите и книгата „ФК Беласица – гордоста на Струмица“.

Фотографии

  • Роберт Попов