Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Роберт Христовски

  • Играч

1996–2011

Биографија

Роберт Христовски е легендарен дефанзивец на Беласица, кој играл и за Хоризонт Турново, Брегалница Штип, Пирин Благоевград, Тиверија и Кукла.

Кариерата ја започнува во Кукла од Куклиш, потоа за да премине во Тиверија, каде ќе игра пролетта 1996 година. Летото 1996 година преминува во Беласица. За Беласица дебитира на 17 години, во натпреварот против Слога Југомагнат во Скопје. Првиот гол го дава против Балкан во Скопје. Оваа сезона, 1996/97, игра вкупно на 19 натпревари. Есента 1997 г. игра на 4 натпревари, по што заминува во АРМ. По враќањето од воениот рок, одигрува 15 натпревари во сезоната 1998/99. Дава свој полн придонес за влезот на Беласица во Првата македонска лига во сезоната 1999/2000, играјќи на 21 натпревар. Во првата сезона, по враќањето во Првата македонска лига, Беласица е на 4 место, а Христовски игра покрај: Г. Пандев, А. Стојков, В. Георгиев, Р. Попов… Дел е од одбраната на Беласица во сезоната 2001/02, која придонесува Беласица да го освои второто место.

Следната сезона Беласица пак е втора, а Христовски игра на 27 натпревари и постигнува 2 гола против Пелистер и Куманово. Ќе игра и во натпреварите во купот на УЕФА против Лешоеш (2002 г.) и Публикум (2003 г.). Во 2004 година станува и капитен на Беласица и одигрува 26 натпревари во оваа сезона, 2003/04. Есента 2004 одигрува 5 натпревари, а пролетта 2005 година ја поминува во Пирин од Благоевград, кој игра во Првата бугарска лига. Во јули 2005 г. оди во второлигашот Турново. Но, веќе во јануари 2006 година преминува во Брегалница од Штип. Во јули 2006 година се враќа во Турново каде ги поминува следните 4 години. Во сезоната 2007/08 Турново влегува во Првата македонска лига. Во првата сезона, во елитата, Хоризонт Турново е 6., а Христовски е дел од одбраната. Неговата последна сезона во Хоризонт е сезоната 2009/10, кога екипата е 8. во Првата македонска лига.

Летото 2010 година се враќа во Беласица. Христовски игра на 21 натпревар во сезоната 2010/11. Во август 2011 година ги игра последните два натпревари во кариерата против Осогово и Скопје. Христовски во 11 сезони во дресот на Беласица одигрува 175 натпревар и и постигнува и 7 гола.

Кариера

Беласица

Настапи
175
Голови
7

Фотографии

  • Роберт Христовски