Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Ристо Зафиров

  • Играч

1959–1966

Биографија

Ристо Зафиров е поранешен фудбалер на Беласица, Тиверија, Малеш и Вардар.

Во сезоната 1954/55 игра во Тиверија, за да во сезоната 1955/56 го среќаваме во дресот на Малеш. Во Беласица доаѓа во јануари 1959 година, на свои 22 години. На својот деби настап против Питу Гули од Крушево, постигнува два гола. На 11 натпревари пролетта 1959 година ќе постигне 7 гола и ќе е трет стрелец на тимот, зад В. Цветков и Д. Трендов. Негова најдобра сезона во Беласица е 1959/60, кога ќе биде прв стрелец на тимот со 18 гола на 21 натпревар, а Беласица ќе е четврта во Прва македонска лига. Негов најефикасен натпревар е против Керамичар од Велес, кога постигнува 5 гола. Покрај Зафиров, во нападот се и П. Пантазиев, В. Цветков, М. Панов и С. Гошев. Во сезоната 1960/61, ќе одигра 13 натпревари и ќе постигне 3 гола. Есента 1961 постигнува 2 гола против Слога од Виница, а пролетта постигнува 3 гола во Штипски потсојуз. Потоа преминува во Тиверија. Летото 1965 се враќа пак во Беласица. На својот прв натпревар против Пелагонија од Битола постигнува два гола. Вкупно во оваа сезона, 1965/66, ќе одигра 12 натпревари играјќи во нападот со С. Џорлев, К. Христов, Т. Семенков, Д. Иванов и М. Чинков. Негов последен натпревар за Беласица е против Тетекс во Тетово во јуни 1966 година. За Беласица вкупно во 5 сезони постигнува 35 гола, а има настапено на околу 65 првенствени натпревари.

Кариера

Беласица

Настапи
70–75
Голови
35

Фотографии

  • Ристо Зафиров