
Ристо Урдов (Урдинов)
- Играч
1969–1975
Биографија
Ристо Урдов (Урдинов) е играчка и тренерска легенда на Беласица и Тиверија. Кариерата ја почнува во младинските категории на Беласица, а за сениорскиот тим дебитира во септември 1969 година. Првиот натпревар му е против Караорман во Струга, на 18 години. Во првата своја сезона, 1969/70, игра на 14 натпревари. Во сезоната 1970/71 игра на 24 натпревари. Сезоната 1971/72 игра на 22 натпревари на десната бековска позиција. Во следната 1972/73 игра на 28 натпревари во задната линија со П. Бинев и А. Грнчаров. Следната сезона, 1973/74, со 32 натпревари има најмногу настапи за тимот. Сезоната 1974/75 е неговата последна во Беласица каде игра на 25 натпревари и постигнува еден гол. За Беласица во 6 сезони ќе одигра 145 натпревари и ќе постигне 2 гола.
Есенскиот дел не игра за Беласица и во ноември 1975 година ќе премине во Тиверија, кај ќе остане до крајот на својата играчка кариера, во јуни 1985 година. Во Тиверија прв тренер му е С. Џорлев и ќе одигра 15 натпревари во Првата македонска лига. Во следните две сезони, 1976-78, игра за Тиверија на 48 натпревари и постигнува пет гола. Потоа оди во ЈНА и се враќа пролетта 1980 година во дресот на Тиверија. Втор пат се враќа во Тиверија, летото 1981 година, кога ќе одигра 18 натпревари на позицијата центархалф. Последна негова сезона е есента 1984/85 година, кога му е и помошен тренер на П. Пантазиев. За Тиверија вкупно игра околу 125 натпревари во 8 сезони. Во 1990-91, заедно со И. Андреев, ја водат Тиверија, првин во Прватамакедонска лига, а потоа и во Вторатамакедонска лига. Сезоната 1998/99 е дел од стручниот штаб на Беласица, а есента 1999 г. е дел од стручниот штаб на Беласица со Р.
Божинов и Р. Панов. Во сезоната 2001/02 е тренер на кадетите на Беласица, со кој ќе освои многу трофеи во државата, но и на меѓународни турнир и.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 145
- Голови
- 2
Фотографии

Ристо Урдов (Урдинов)