
Ристо Ристов
- Играч
2007–2011
Биографија
Ристо Ристов е поранешен фудбалер на Беласица. Ристов ги поминува младинските категории на Беласица. Настапува и на турнирот во Виареџо за младинскиот тим на Беласица. За првиот тим дебитира против Слога Југомагнат во Скопје, во март 2007 година, на неполни 17 години. Во оваа сезона игра и против Тетекс. Во сезоната, 2007/08, Ристов одигрува 5 натпревари, а додека во следната, 2008/09, одигрува 9 натпревари. Ристов во сезоната, 2009/10, одигрува 13 натпревари во тимот на Беласица покрај: Гуцев, Коњарски, Јанев, Донев, Лиманов, Марков, Јурчевски,... Есента 2010, Ристов е стартер на 12 од 13 натпревари за Беласица. Есента 2011 година ги одигрува своите последни 6 натпревари за Беласица. Во вкупно 6 сезони, Ристов одигрува 47 првенствени натпревари за Беласица. Покрај за Беласица, Ристов има играно и во Тиверија. По завршувањето на играчката кариера, Ристов започнува и тренерска кариера во Академија Пандев, како тренер во младинските категории, но исто така и како помошен тренер во првата екипа на овој клуб. Од крајот на 2025 година е советник за спорт во Општина Струмица.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 47
Фотографии

Ристо Ристов