
Ристо Комаров
- Играч
1961–1967
Биографија
Ристо Комаров, голманска легенда на Беласица од 60-тите години на минатиот век. Во Беласица настапува 8 сезони и за тој период забележува 102 настапи во Првата Македонската лига (за сезоната 1961/62, кога настапува Беласица во Штипски потсојуз немаме состави). Дебито го прави во сезоната 1960/61. Тој е наследник на голманската позиција на Ушаков и Гошев. Во периодот 1962 до 1966 година е стандарден голман на Беласица. Последната негова сезона во Беласица е 1967/68, период кога почнуваат да бранат уште две голмански легенди на македонскиот фудбал: К. Костадинов и младиот Б. Истатов.
Р. Комаров во неговиот зенит на кариерата, од тогашните новинари е сметан за еден од најдобрите голмани во Македонија.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 107–110
Фотографии

Ристо Комаров