
Ристо Гошев
- Играч
1950–1962
Биографија
Ристо Гошев - Гулијата, легендарен голман на Беласица и Тиверија.
Ги поминува сите младински категории на Беласица и дел е од славната младинска екипа, која 1950 година ќе е меѓу четирите најдобри во државата. Покрај него, тука се и: Васо Цветков, Томе Ефтимов, Александар Трендов, Коте Харилов,... За првата екипа дебитира како младинец во натпреварот против Локомотива во Гевгелија, јуни 1950 година, А. Ушаков ќе е прв голман во таа сезона. Потоа оди во ЈНА две години. По враќањето од ЈНА се наоѓа во составот на Беласица, во сезоната 1954/55. Беласица, во сезоната 1956/57 игра во 4 зона (Македонија, Косово, Јужна Србија), а Гошев брани на 15 натпревари, а на останатите 9 брани Ушаков. И во следните две сезони двајцата ја делат минутажата на голот на Беласица. Во сезоната 1959/60, Гошев брани на 23 натпревари, а во следната 1960/61 на 18 натпревари. Во следната 1961/62, ја дели минутажата со Р. Комаров. Последна негова полусезона во дресот на Беласица е есента 1962, а последен натпревар против Караорман, крај на септември 1962. Гошев брани 12 сезони во дресот на Беласица. Потоа преминува во Тиверија, каде ќе брани уште неколку сезони во составот, каде ќе игра со: Т. Панов, Р. Данев, Ѓ. Ќучуков, М. Гошев, Н. Василев, В. Димитров,...
Гошев е една од голманските легенди на Беласица заедно со: Р. Николов, А. Ушаков, Р. Комаров, К. Костадинов, Б. Истатов, Б. Георгиев, Д. Георгиев, Д. Василев, Љ. Димовски, Д. Руменовски, М. Илиев, А. Алчинов, К. Захов, Д. Илиев, ...
Кариера
Беласица
- Настапи
- 120–135
Фотографии

Ристо Гошев