
Ристо Дориев
- Играч
1994–2004
Биографија
Ристо Дориев, легендарен дефанзивец на Беласица, Тиверија, Борец од Велес, Кожуф, Пирин од Благоевград и Младост Сушица. За Беласица има играно во 7 различни сезони 122 првенствени натпревари и постигнато 6 голови.
Ристо Дориев ја започнува својата кариера во Тиверија, каде ќе дебитира на 18 години, во септември 1989 на натпреварот против Саса во Прва Македонска лига. Во првата своја сезона во Тиверија игра на 14 натпревари, но Тиверија испаѓа. Во сезоната 1990/91 игра на 25 натпревари за Тиверија во задниот ред со М. Каралиски, Ж. Василев и Р. Панов. Следната 1991/92 игра на 22 натпревари. Во сезоната 1992/93 игра пак за Тиверија, која игра во Трета Македонска лига - Исток и заедно со легендата Шеки, Каралиски, Палифров, помагаат Тиверија пак да влезе во Втора лига. Есенската 1993 е негова последна полусезона за Тиверија, игра на 11 натпревари и постигнува 3 голови. Во јануари 1994 преоѓа во Беласица. Дебитира против Борец од Велес во март 1994, вкупно настапува на 10 натпревари. Летото 1994 година преоѓа во новиот прволигаш, Кожуф. Останува во Гевгелија две сезони. Летото 1996 година се враќа во Беласица. Во сезоната 1996/97 игра на 18 натпревари во одбраната, покрај легендите: Р. Панов, М. Даскаловски, Г. Стојановски, В. Костов и М. Илиев. Во сезоната 1997/98 за Беласица настапува пак на 18 натпревари, а постигнува гол во купот против Вардар во 1/4. Летото 1998 оди во Борец Велес, каде ќе игра следните две сезони. Во летото 2000 година се враќа по трет пат во Беласица. Во сезоната 2000/01, игра на 21 натпревар и го постигнува својот прв првенствен гол против Осогово. Во следните две сезони со Беласица е вицешампион на Македонија, а тој ќе е заменик капитен на тимот. Во овие две сезони игра на 46 натпревари и дава 4 голови. Игра во двомечот против Лешоеш во купот на УЕФА. Есенската 2003 година е негова последна полусезона за Беласица. Игра на 7 натпревари, последниот свој гол за тимот го дава против Слога, а последен натпревар му е против Победа во Прилеп. Во јануари 2004 година, заедно со Т. Ефтимов одат во Пирин од Благоевград, со која екипа стануваат шампиони на Втората Бугарска лига и влегуваат во елитата. Во јули 2004 година оди во второлигашот, Младост од Сушица, каде по неколку натпревари се повредува Дориев и ја завршува својата кариера.
* Централен дефанзивец кој беше столб на Беласица во вицешампионските титули. Ќе остане во меморијата на струмичките љубители на фудбалот. Почивај во мир.
** Негов син е Љупче Дориев, кој е македонски репрезентативец (8 натпревари) и интернационалец во Узбекистан. Со Академија Пандев го освои купот на Македонија во 2019 година, а со тимот на Шкендија Тетово ја освои титулата во сезоната 2020/21.
Татко и син, двајца врвни играчи на струмичкиот фудбал, кои и двајцата играа во најдобрите македонски екипи и играа во европските купови и во странство.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 122
Фотографии

Ристо Дориев