Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Ристо Божинов

  • Играч
  • Тренер

Биографија

Ристо Божинов е тренерска легенда на Беласица, а играчка легенда на Брегалница Штип, избран во тимот на векот на Штипскиот фудбал. Божинов заминува уште како средношколец во Штип, за да учи средно музичконучилиштњ во градот под Исарот. Тој паралелно ја започнува и фудбалската кариера во Брегалница од Штип. Со Брегалница станува и шампион на Македонија и игра во Втората југословенска лига - исток. Тој со своите игри се изборува да биде прогласен за дел од тимот на векот на штипскиот фудбал. Настапува за Брегалница и на натпреварот накој се шрости Драган Шекуларац од фудбалот, а играше и Португалецот, Еузебио. До 1978 година игра за Брегалница Штип, кога на 33 години се враќа во Струмица и игра една сезона во Тиверија, а во исто време е и тренер.

Во 1980 година за прв пат станува главен тренер на Беласица. Во периодот од 1982 до 1988 година е помошен тренер на Беласица, на Б. Истатов. Беласица во овој период (1982-1989) ги има своите најголеми успеси, кога два пати е шампион на Македонија и игра 4 сезони во Втората југословенска лига - Исток. Во сезоната 1988/89 ја предводи Беласица во Втората единствена југословенска лига. Ќе биде една сезона и тренер на Победа Валандово 1990/91, за да во сезоната 1991/92, пак е помошен тренер во Беласица. Трњнер е и на Плачковица од Радовиш. Во Беласица, пак е во сезоната 1999/2000, кога е помошен тренер првин на Р. Панов, па на И. Матеничаров. Во сезоната, 2010/11 е директор на клубот.

Живот посветен на фудбалот, првин како фудбалер, а потоа и како тренер. Ментор на многу одлични генерации струмички фудбалери.

Фотографии

  • August 25, 2023

    Ристо Божинов во сина јакна на Беласица