Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Ристо Анчев

  • Играч
  • Тренер

1969–1981

Биографија

Ристо Анчев-Аџимано, играчка и тренерска легенда на струмичкиот фудбал.

За Беласица одигрува 166 првенствени натпревари во 10 сезони и постигнува 4 голови. Дебитира во јуни 1969 година, против Охрид, на 17 години. Во сезоната 1969/70 игра на 7 првенствени натпревари, по што оди во ЈНА. Пролетта 1972 г. игра за Тиверија, која го освојува вицешампионското место во Брегалничкиот регион. Во сезоната 1972/73 настапува за Беласица на 26 натпревари. Во следната 1973/74 во есенскиот дел настапува за Беласица, а пролетта настапува во Тиверија, која ја игра својата прва сезона во Првата македонска лига. Во сезоната 1974/75 игра за можеби најсилниот состав на Тиверија во нејзината историја и постигнува 4 голови. Во сезоната 1975/76 повторно игра за Беласица каде го постигнува својот прв гол против Овче Поле. Во следните две сезони настапува на 53 натпревари.

Во сезоната 1978/79 во есенскиот дел игра за Беласица, а во пролетниот дел по трет пат преоѓа и игра за Тиверија. Во сезоната 1979/80 по четврти пат се враќа во Беласица каде игра на 19 натпревари, притоа со Вардарски од Богданци постигнувајќи два гола. Последната негова сезона во Беласица е 1980/81, последниот негов гол е против Пелистер во Битола. Последниот натпревар за Беласица го игра во јуни 1981 година против Победа во Прилеп. Летото 1981 година преоѓа во Вардарски од Богданци и за нив ќе настапува на позицијата десно крило во следните три сезони. Како тренерски тандем со Н. Секулов, ја предводат Беласица во есенскиот дел на сезоната 2001/02. Во пролетниот дел е помошник на Канатларовски, кога Беласица е вицешампион. Следната сезона 2002/03 е пак главен тренер на тимот, кој повторно е вицешампион, зад Вардар.

Во следната сезона, 2003/04, е помошник на Пане Блажевски во двомечот против словенечкиот Публикум. Ќе биде дел од стручниот штаб на ФК Турново во периодот 2007-09, кога екипата првин влегува во Првата македонска лига (2007/08), а потоа и се натпреварува во неа. А, ќе биде тренер и на Тиверија.

Кариера

Беласица

Настапи
166
Голови
4

Периоди

Тренер
2001–2003

Фотографии

  • Ристо Анчев