Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Ратко Јанушев

  • Тренер

Биографија

Ратко Јанушев е поранешен тренер на Беласица, Турново, Младост Сушица, Плачковица од Радовиш, Малеш Берово,... Јанушев има завршено магистерски студии за фудбал во Белград и има објавено околу 15 научни публикации за тренажниот процес и за селекцијата во фудбалскиот спорт.

Во 1993 година заедно со Благој Митев, го предводат Турново во Втората македонска лига - исток. Следна негова дестинација е тимот на Плачковица од Радовиш, каде доаѓа во летото 1995 година. Тимот го предводи две сезони во Втората македонска лига - исток. Во втората сезона во Плачковица, 1996/97, ги доведува во клубот младите и перспективни Струмичани: П. Стојанов, П. Ристевски, М. Иванов, Ј. Василев. Летото 1997 година е назначен за тренер на Беласица во Првата македонска лига. Тимот го предводи заедно со Благој Митев, во 24 првенствени натпревари. Со овој тим на Беласица обезбедува и 1/4 против тимот на Вардар од Скопје. Но, пред последното коло се сменети. Есента 1998 година доаѓа повторно на чело на Плачковица, односно Јака од Радовиш и пак ја предводи во следните две сезони. И овој пат, во тимот од Радовиш доведува Струмичани и тоа: М. Илиев на голот, Ј. Тренчовски во средниот ред и М. Алачки во нападот. Во сезоната 2001/02 го предводи тимот на Малеш од Берово. Потоа го предводи и тимот на Младост Сушица во Втората македонска лига, во сезоната, 2004/05. Јанушев бил назначен и за тренер на репрезентацијата на полицијата на Македонија и ја извршува оваа функција 10 години. Во пролетта 2010 година го предводи повторно тимот на Турново, во Првата македонска лига и го освојува 8-мо место. Потоа, Јанушев се посветува на работата со младинските категории на ФК Василево јуниор неколку сезони, за што во 2014 година го добива признанието за најдобар тренер на Општина Василево. Летото 2018 застанува на чело на новиот второлигаш, Детонит од Радовиш.

Јанушев со своето тренерско знаење и педагошки однос секогаш оставал длабок траг во екипите кај работел. Тренерска кариера од три децении исполнета со успеси.

Неговиот брат, Драги Јанушев во 1993 година настапува во тимот на Тиверија.

Кариера

Периоди

Тренер
1997–1998

Фотографии

  • December 15, 2023

    Ратко Јанушев во црвена тренерска јакна на теренот за време на тренинг