
Раде Цицмиловиќ
- Тренер
Биографија
Раде Цицмиловиќ е поранешен тренер на Беласица, Тиквеш, Воска,... Цицмиловиќ ја има тренирано Беласица во три наврати. Прв пат, Раде ја презема Беласица, во летото 2016 година, кога Беласица се натпреварува во Третата македонска лига - исток. Во есенскиот дел, тимот на Беласица забележува 13 победи и 1 пораз од Плачковица и станува есенски шампион. Во декември 2016 година, Раде си заминува од Беласица. Во август 2017 година, Раде пак се враќа во Беласица и ја предводи во Втората македонска лига - исток, во сезоната, 2017/18. Екипата на Беласица, со Цицмиловиќ на чело забележува 18 победи, 5 нерешени и 2 порази, што е доволно, Беласица да стане шампион и да влезе во Прва лига. Летото 2018 година си заминува, но само во есенскиот дел. Во јануари 2019 година пак се враќа на тренерската клупа на Беласица, која се наоѓаше во зоната за испаѓање. Раде ја предводи екипата во пролетниот дел во Првата лига, првин сам, а потоа и со Ѓоко Хаџиевски. Тој и Хаџиевски го предводат тимот се до средината на април 2019 година, кога се сменети и на нивно место доаѓа Александар Стојанов. Цицмиловиќ во ноември 2019 година, го презема второлигашот Тиквеш и останува на чело на кавадаречкиот клуб, се до ноември 2020 година. Следен негов ангажман е во јули 2021 година, кога е назначен за тренер на екипата, Воска од Охрид, која тогаш е нов второлигаш. Со оваа екипа, Раде се изборува да игра бараж за влез во Прва лига, во мај 2022 година, против својата довчерашна екипа, Тиквеш, на теренот на Беласица во Струмица.
Кариера
Периоди
- Тренер
- 2016–2019
Фотографии

Раде Цицмиловиќ