Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Предраг Савески

  • Играч

2009–2016

Биографија

Предраг Савески е поранешен играч на Беласица, Тиверија и Василево. Предраг дебитира за Беласица против 11 октомври од Прилеп во септември 2009 година, на свои 16 години и 4 месеци. Во оваа полусезона во Втората македонска лига, Беласица ја предводи Милко Ѓуровски. Савески во својата прва сезона, 2009/10, одигрува 15 натпревари. Во следната сезона, 2010/11, Предраг настапува на 18 натпревари покрај Д. Масев, Ѓ. Марков, Ѓ. Лиманов, П. Божијанов,... Есента 2011 година е стандарден во младата екипа на Беласица и игра на 15 натпревари.

Во сезоната, 2012/13, Савески настапува за екипата на Василево, која завршува на второто место во Третата кига - исток, зад Тиверија,а пред Беласица. Летото 2013, пак се враќа во Беласица и одигрува 7 натпревари во есенскиот дел и постигнува 1 гол. Во јануари 2014 година заминува во Тиверија, која игра во Втората македонска лига. Во една и пол сезона одигрува 26 натпревари и постигнува 1 гол. Паралелно започнува да настапува и во футсал. Летото 2016 година пак се враќа во Беласица и настапува на 6 натпревари во есенската полусезона. Негов последен натпревар е против Осогово, во ноември 2016 година. За Беласица има одиграно 61 во 5 сезони и има постигнато 1 гол.

Кариера

Беласица

Настапи
61
Голови
1

Фотографии

  • Предраг Савески