
Петар Гугуљанов
- Играч
2021–2024
Биографија
Петар Гугуљанов (2002) е поранешен играч на Беласица и Вардар, кој моментално игра во Кожуф. Петар ја поминува младинската школа на Вардар. Во февруари 2020 година дебитира за репрезентацијата на Македонија до 19 години, против Босна. За првиот тим на Вардар, дебитира во февруари 2021 година, против Пелистер. За Вардар одигрува 12 натпревари во Првата македонска лига. Во август 2021 година, на свои 19 години доаѓа во Беласица. За Беласица дебитира против Детонит во Радовиш, а првиот гол го постигнува против Кит-го. Во првата своја сезона, 2021/22, на 19 првенствени натпревари постигнува 2 гола. Во следната, 2022/23, одигрува 14 натпревари и постигнува 1 гол на гостувањето против Вардар. Последна сезона во дресот на Беласица му е 2023/24, кога одигрува 19 натпревари и постигнува 4 гола. Вкупно во дресот на Беласица одигрува 52 натпревари и постигнува 7 гола. Во јули 2024 година заминува во екипата на Кожуф, каде ја игра својата втора сезона.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 52
Фотографии

Петар Гугуљанов