
Петар Бинев
- Играч
1969–1975
Биографија
Петар Бинев, легендарен халф на Беласица, Тиверија, Тетекс и Победа Валандово. За Беласица има одиграно вкупно 147 првенствени натпревари во 7 сезони и постигнато 10 голови. Дебитира за Беласица во март 1969 година на натпреварот против Балкан во Скопје. Во следната сезона,1969/70, настапува на 24 натпревари во задниот ред на Беласица. Во следната 1970/71 настапува на 17 натпревари. Во сезоната 1971/72 настапува на 24 натпревари во халфовската линија, делејќи ја минутажата со С. Вукшан и Т. Аљоков. Во следната, 1972/73, е заменик капитен на Беласица и настапува на 32 натпревари, постигнувајќи 2 голови. Сезоната 1973/74 е најдобра за него, со 6 голови и е трет стрелец на тимот. Летото 1974 г., заедно со Д. Георгиев-Шеки и голманот Б. Георгиев преминуваат во членот на Втората југословенска лига, Тетекс од Тетово. По половина сезона, пак се враќа во Беласица.
Во последната полусезона во Беласица, пролет 1975 г., настапува на 14 натпревари. Својот последен гол го дава против ФЦУ, а последниот натпревар го игра против ФАС 11 Октомври од Скопје, во јуни 1975 година. Летото 1975 година преминува во Победа од Валандово и таму настапува во следните две и пол сезони. Тренери во Победа му се Џртев и Ашиков, а соиграчи од Струмица му се Аљоков, Вукшан, Почек, Данев и М. Карамучев. Во 1978 година е во ЈНА, а по завршувањето на воениот рок, пролетта 1979 г., се враќа во Тиверија. Тиверија со него ќе биде вицешампион во Брегалничкиот регион и за следната сезона ќе обезбеди место во Меѓурепубличката лига - исток. Во сезоната 1979/80, во пролетниот дел игра за Тиверија на 10 натпревари.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 147
- Голови
- 10
Фотографии

Петар Бинев