
Пепи Ѓоргиев
- Играч
2017–2019
Биографија
Пепи Ѓоргиев е фудбалер на Беласица, кој има играно и за: Кожуф, Силекс, Теута, Академија Пандев, Шкупи и Гостивар, а сега настапува во Брегалница од Штип.
Пепи одигра две сезони во Беласица и во двете сезони беше најдобар стрелец на тимот, нешто што му успеало само на Неџат Шабани. Во Беласица, доаѓа од Кожуф на свои 22 години, во јули 2017 година. Во својата прва сезона во Беласица, во Втората македонска лига - исток, ќе помогне тимот да ја освои шампионската титула. Пепи е прв стрелец со 16 гола на 17 натпревари во моќната офанзивна линија, која ја сочинувале уште и: Мирчевски со 10, М. Костовски - Манго со 9 и Г. Здравков со 7 гола. Пепи дава пет гола против Победа во Валандово. Во сезоната, 2018/19, Пепи ќе се разигра во пролетниот дел и на крај ќе заврши со 9 гола на 28 натпревари. Во пролет во офанзивата ќе игра покрај: М. Мирчевски, Др. Стојков, С. Вујчиќ и З. Балдовалиев. Последен натпревар во дресот на Беласица му е против Работнички. Летото 2019 година заминува во Брегалница од Штип, а во сезоната 2020/21 игра за Силекс кога постигнува 13 гола и е трет стрелец на Првата македонска лига. Оди игра и во Теута во Албанија есента 2021, за да пролетта 2022 ја одигра во Академија Пандев и со 5 гола да допринесе во освојувањето на вицешампионската титула. Сезоната 2022/23 ја игра во Шкупи и Гостивар. Во јануари 2024 година пак се врати во Брегалница од Штип. Од јули 2026 е член на Беласица. Овој Гевгеличанец остави свој печат во Беласица со своите постигнати 25 гола.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 45
- Голови
- 25
Фотографии

Пепи Ѓоргиев