Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Пане Блажевски

  • Играч
  • Тренер

1983–1987

Биографија

Пане Блажевски, велемајсторот од средината на теренот. Настапува за Беласица од 1983 до 1987 година. Во 4 сезони во Беласица одигрува 94 првенствени натпревари и постигнува 16 голови.

Доаѓа во јануари 1983 година со З. Милосовски од Куманово и одигрува една од најдобрите полусезони во историјата на Беласица. На 14 натпревари, постигнува 6 гола и 8 пати е прогласен за играч на натпреварот и помага Беласица да стане шампион на Првата македонска лига.

Во следната сезона во Втората југословенска лига- Исток е втор стрелец на тимот со 6 гола на 33 натпревари, веднаш зад, К. Секулов. По генијалната победа од 2:4 над Галеника во Земун, белградскиот печат го оценува со 10-ка. Летото 1984 оди во југословенскиот второлигаш, Рад од Белград. Но летото 1985 се враќа во Беласица и одигрува уште две сезони во Втора југословенска лига - Исток. Во 1985/86 одигрува 30 натпревари постигнува 3 гола, а во следната сезона, 1986/87, одигрува 17 натпревари и постигнува 1 гол. Летото 1987 заминува во Тетекс, а подоцна игра и во: Вардарски, Брегалница Штип,... Во Беласица се враќа како тренер во Беласица пролетта 2003 (во последните 11 кола, кога Беласица води тесна трка за шампион на Македонија), а ја води Беласица и во есенската полусезона 2003 и во купот на УЕФА против словенечки, Публикум. Блажевски долги години работи како тренер и во други македонски екипи (Тиквеш, Борец, Вардар, Маџари, Алумина,...).

Статистика на Блажевски во Беласица
Сезона. Натпревари/голови
1982/83. 14/6
1983/84. 33/6
1984/85. Рад Белград
1985/86. 30/3
1986/87. 17/1
_________________________
Вкупно. 94/16

Тренер на Беласица, во 2003 година.

Кариера

Беласица

Настапи
94
Голови
16

Периоди

Тренер
2002–2004

Фотографии

  • August 10, 2026

    Пане Блажевски во дрес на Беласица на тимска фотографија