Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Панче Ристевски

  • Играч

1992–2009

Биографија

Панче Ристевски е легендарен фудбалер на Беласица, а кој играл и во Вардар, Победа од Прилеп, Работнички, Турново,...

Ристески ги поминува сите младински категории на Беласица и дел е од генерацијата, која го освојува младинскиот куп на Македонија во 1993 година. За првиот состав дебитира против тимот на Македонија од Ѓорче Петров, во првото коло на првото првенство на независна Македонија. Во првата своја сезона во Беласица, 1992/93, одигрува вкупно 18 натпревари. Есента 1993 година, настапува на 6 натпревари пред да премине во Тиверија, каде ќе ја игра пролетната сезона, притоа одигрувајќи 10 натпревари и постигнувајќи 1 гол. По отслужувањето на воениот рок во АРМ, се враќа во Беласица. Во сезоната 1995/96 е стандарден првотимец на Беласица и ќе одигра 26 натпревари, притоа постигнувајќи 2 гола против Охрид и Слога. Игра во офанзивниот дел на тимот заедно со: П. Стојанов, Т. Атанасов, Ј. Василев и З. Начевски. Сезоната 1996/97, ја поминува во Плачковица, каде тренер ќе му е Ратко Јанушев, а соиграчи: Стојанов, Василев, Начевски и Иванов. Следна станица му е скопски Вардар, каде ќе ја помине сезоната, 1997/98. Летото 1998 година оди во Победа од Прилеп, каде ќе ја доживее својата потполна фудбалска афирмација. На 27 јули 2000 го одигрува својот единствен натпревар за А репрезентацијата на Македонија против Азербејџан. Во Победа ќе помине 4 сезони. Во дресот на Победа ќе одигра вкупно 15 натпревари во европските купови. Летото 2002 оди во Работнички, каде ќе одигра една сезона. Летото 2003 година се враќа во Беласица и во оваа сезона 2003/04, ќе одигра 25 натпревари, што е најмногу во тимот, а ќе постигне и еден гол. Летото 2004 година преминува во амбициозниот второлигаш, Турново, каде ќе игра со голем број поранешни соиграчи од Беласица: Ефтимов, Атанасов, Костов,... Дебитира против Тиквеш, а ќе постигне 2 гола. Пролетната сезона 2005 година ќе ја помине во тимот на Влазрими, кој ќе стане шампион на Втората македонска лига. Сезоната 2005/06 ја поминува во Победа од Прилеп, а потоа ќе игра и за Аполонија од Фиер во Албанија, есента 2006 година. Пролетта 2007 година пак игра за Победа од Прилеп. Летото 2007 година, пак се враќа во Беласица, за да помогне да се врати Беласица во Првата лига. Во сезоната 2007/08 игра на 21 натпревар, а следната 2008/09, ќе настапи на 16 натпревари. Негов последен натпревар е против Миравци, во мај 2009 година.

Панче Ристески за Беласица во 6 сезони има одиграно 112 натпревари и постигнато 5 гола.

Кариера

Беласица

Настапи
112

Фотографии

  • Панче Ристевски