Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Панче Пантазиев

  • Играч
  • Тренер

1957/58 – 1971/72

Биографија

Панче Пантазиев, играчка и тренерска легенда, еден од најдобрите играчи на Беласица на сите времиња. Само тројца фудбалери имаат над 100 првенствени голови за Беласица. Пантазиев е на третото место по постигнати голови на првенствени натпревари, со 102 голови, во 15 сезони во периодот од 1958 до 1971 година. Бројот на првенствени натпревари на кои настапил е помеѓу 255 и 260, со што е на 8 место.

Пролетта 1958 г. ги дава своите први два гола против Локомотива, на 17-годишна возраст. Во сезоната 1959/60, постигнува 13 голови, со што е втор стрелец на тимот. Следната сезона, 1960/61, е прв стрелец на тимот со 17 голови. Со 10 голови на 25 натпревари и во сезоната 1962/63 е втор стрелец на тимот, а следната година со 9 голови ќе придонесе во освојувањето на вицешампионската титула во Првата македонската лига. Есента 1965 г., по одиграните први две кола, оди во ЈНА (18 месеци), а се враќа пролетта 1967 година. Во сезоната 1968/69, повторно е најдобар стрелец на тимот со 13 голови. Последниот натпревар за Беласица го игра во ноември 1971 година против Тиквеш во Кавадарци.

Јануари 1972 г. година преоѓа во Тиверија и уште во првиот свој натпревар дава 2 гол а против Малеш. Оваа сезона постигнува над 13 гола, а есента 1972 година го забележува својот последен настап.

Долги години ќе биде тренер на Тиверија. Потоа ќе биде помошен тренер на првиот тим, но и тренер на младите категории на Беласица и ќе има големи успеси со нив. Пантазиев ќе биде и тренер на првиот тим на Беласица во сезоната 1995/96.

Целиот свој живот го поминува во струмичкиот фудбал како играч и тренер и ќе остане запаметен како една од неговите најсјајни ѕвезди.

Неговиот син, Кире, игра за Беласица на 13 натпревари во сезоната 1998/99.

Кариера

Беласица

Голови
103

Периоди

Тренер
1994–1996

Фотографии

  • May 31, 2023

    Црно-бел портрет на Панче Пантазиев во дрес на Беласица

  • Панче Пантазиев