Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Панче Караманов

  • Играч

1955–58

Биографија

Панче Караманов е поранешен фудбалер на Беласица и Тиверија од 50-тите години на минатиот век. Панче Караманов игра за Тиверија во сезоните 1953/54 и 1954/55 во Штипскиот потсојуз. Летото 1955 година, Караманов преминува во Беласица и помага Беласица во сезоната 1955/56, да стане шампион на Штипскиот потсојуз. Караманов игра на двата натпревари во средниот ред на Беласица и помага во квалификациите против Пелистер, тимот да се избори за влез во четвртата фудбалска зона. Караманов игра на првиот натпревар во четвртата зона, против Слобода од Т. Ужице, во офанзивата на Беласица во состав: К. Ќосев, П. Караманов, В. Цветков, К. Ефински и К. Харилов. Караманов ги постигнал двата гола во победата над Тимок од Заечар. Караманов одигрува 19 натпревари во сезоната, 1956/57, но Беласица испаѓа. Караманов останува и во следната сезона, 1957/58, да ги брани боите на Беласица во Штипски потсојуз. Караманов постигнува 4 гола во есенскиот дел и бил втор стрелец на тимот, веднаш зад В. Цветков. Беласица станува шампион на Штипскиот потсојуз. Караманов за Беласица одиграл вкупно 3 сезони.

Кариера

Беласица

Настапи
55–60

Фотографии

  • Панче Караманов