Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Орце Падешки

  • Играч

2011–2015

Биографија

Орце Падешки е поранешен фудбалер на Беласица, кои ги поминува сите младински школи на Беласица. Настапува за младинскиот тим на Беласица на турнирот во Виареџо во 2013 и 2014 година. Орце дебитира за Беласица на 17 години, во август 2011 година, против Скопје, во Втората македонска лига. Во оваа негова прва сезона одигрува 4 натпревари. По испаѓањето на Беласица и напуштањето на тимот на повеќе искусни играчи, Орце почнува стандардарно да игра за првиот тим. Во следната, 2013/14, Падешки одигрува 23 натпревари како стартер, а Беласица е шампион на Третата македонска лига. Падешки игра во одбраната покрај: А. Багашовски, Љ. Георгиев, Д. Глигоров, С. Краљевски,... Беласица губи во баражот од Вардар Неготино. Следната сезона, 2014/15, Падешки настапува на 20 натпревари. Игра и на реваншот на баражот против Победа од Прилеп, што е негов последен натпревар за Беласица. Во 4 сезони во Беласица, игра на околу 70 натпревари.

Кариера

Беласица

Настапи
70–75

Фотографии

  • Орце Падешки