
Никола Танушев
- Играч
1988–2003
Биографија
Никола Танушев-Сани е врвен одбранбен играч на Беласица, Силекс, Пелистер, Победа Валандово, Куманово, Тиверија и Турново и репрезентативец на Македонија.
За Беласица има одиграно 131 натпревар во 8 различни сезони и има постигнато 6 голови. Ги поминува сите младински категории во Беласица и дебитира за првиот тим во Кикинда, во август 1988 година, на свои 17 години. Од оваа сезона, 1988/89, секој тим мораше да стартува со барем три играчи под 21 година. Танушев оваа сезона игра на 11 натпревари. Во следната 1989/90, станува стандарден првотимец и игра на 24 натпревари во Третата југословенска лига - исток. Есента 1990 г. игра на 16 натпревари, по што оди во ЈНА, 1991 година. Пролетта 1992 г. игра на 12 натпревари во Третата југословенска лига - исток. За Беласица игра и сезоната 1992/93, по што две сезони одиво Победа Валандово. Во сезоната 1994/95, Победа е шампион на Вторатамакедонска лига, заедно со Т. Ефтимов, В. Костов и С. Танев. Летото 1995 г., со Т. Ефтимов, одиво Пелистер, каде ќе игра две сезони.
Летото 1997 г. се враќа во Беласица и игра на 17 натпревари, каде ќе ги постига своите први два гола во дресот на Беласица. Летото 1998 година оди во Силекс, заедно со П. Стојанов и З. Трајковски. Во Силекс ќе остане 4 сезони, ќе игра во европските купови, а ќе биде и капитен на тимот. На 30.12.2001 година го одигрува својот прв натпревар за репрезентацијата на Македонија. Ќе одигра вкупно 4 натпревари против Финска, Албанија, Оман и Бахреин. Летото 2002 година се враќа во Беласица и игра во двомечот против Лешоеш. Во првите два натпревари дава голови против Пелистер и Цементарница. Оваа сезона,2002/03, одигрува 26 натпревари и дава 4 голови. Во август 2003 г. ги одигрува своите последни два натпревари за Беласица во првенството, а игра и против Публикум на една утакмица. Потоа оди во Куманово заедно со Т. Атанасов.
Летото 2004 г. оди во Турново и игра 1/2 на купот на Македонија во сезоната 2004/05. Сезоната 2005/06 игра за Тиверија, која е прва во Третата лига исток, но не успеваат во баражот.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 131
- Голови
- 6
За репрезентацијата
- Настапи
- 4
- Голови
- 0
Настапи и голови за македонската репрезентација, според биографиите и книгата „ФК Беласица – гордоста на Струмица“.
Фотографии

Никола Танушев