
Никола Секулов
- Играч
- Тренер
1969–1983 (со прекини)
Биографија
Никола Секулов, врвен центарфор од седумдесетите години на минатиот век. На свои 15 години дебитира за Тиверија, за да по две години премине во Беласица. Дебитира во ноември 1969 во дресот на Беласица, на 17 години, против ФЦУ во Скопје. Сезоната 1970/71 ја поминува во Тиверија, каде е голгетер на тимот во Штипски потсојуз. Во летото 1971 година, пак се враќа во Беласица. Првиот свој првенствен гол го постигнува против Југококта. Во оваа сезона,1971/72, ќе е најдобар стрелец на тимот со 7 гола, заедно со Ѓ. Георгиев. Следната сезона игра само во есенскиот дел за Беласица и со 7 гола на 10 натпревари е најдобар стрелец на тимот. Во јануари 1973 заминува во Вардар, каде во 4 и пол сезони, забележува 64 првенствени настапи и 11 првенствени голови. Најдобри две негови сезони во Вардар се сезоната, 1973/74, кога на 20 натпревари, постигнува 4 гола и следната, 1974/75, кога игра на 29 натпревари и со 6 гола е втор стрелец на тимот. За Вардар ќе игра во Првата Југословенска лига се до 1976 година, кога Вардар испаѓа, па последната сезона ќе ја игра во Втората југословенска лига. Во 1977/78 настапува за Тетекс во Втора Југословенска лига, каде им се одзема титулата по службен пат. Потоа се враќа две сезони во Беласица. Во првата сезона, 1978/79, на 24 натпревари постигнува 19 гола и ќе е убедливо најдобар стрелец на тимот. Бо пролетниот дел на 7 последовални натпревари ќе постигнува барем по еден гол. Во следната 1979/80, одигрува 19 натпревари инпостигнува 10 гола, а негов најдобар натпревар е прорив Кожуф, кога постигнува хет-трик. Летото 1980 година заминува во Победа Валандово, каде игра една сезона и е најдобар стрелец на тимот, а потоа оди во Вардарски Богданци,каде е прв стрелец на Македонската лига (1981/82). Во 1982/83 е во Беласица,но заради повреда настапува на летните и зимските пријателски утакмици, но не игра во првенството. Во 1983/84 игра за Дојранско Езеро. Во Беласица ќе помине вкупно 6 сезони (1969/70,1971/72, 1972/73, 1978/79,1979/80,1982/83) и на 80 натпревари ќе постигне 43 голови и во две сезони е прв стрелец на тимот.
Во Беласица ќе работи и како помошен тренер во 1994 година, а потоа и главен тренер. Во 2001 година со Р.Анчев се тренерски тандем во есенската полусезона, кога Беласица се бори за титулата. Вистинска играчка легенда на струмичкиот фудбал.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 82
- Голови
- 43
Фотографии

Никола Секулов