
Мојсеј Морарцалиев
- Играч
1970–1987
Биографија
Мојсеј Морарцалиев, легендарен дефанзивен играч на Беласица, Вардарски, Кожуф, Победа Прилеп и Караорман. За Беласица игра 5 сезони, настапува на 103 првенствени натпревари и постигнува 7 голови.
Сениорската кариера ја започнува на 16 години во Караорман од Струга. Во летото 1970 година доаѓа во Беласица. Дебитира за Беласица на 18 години, во септември 1970 година против Маврово од Гостивар. Стандарден центархалф е со 26 настапи во одбраната, која ја сочинувале на голот Костадинов, Ќучуков и Димитров на бекови и Аљоков и Урдинов (Урдов) на халф. Во следната 1971/72 настапува пак на 26 првенствени натпревари и постигнува два голови против Астибо од Штип. Потоа заминува од Беласица и настапува за Победа Прилеп, една и пол сезона. Пролетта 1974 година, повторно се враќа во Беласица и настапува на 16 натпревари. Во есенската полусезона 1974/75, настапува на 14 натпревари, во одбраната која ја сочинувале Д. Георгиев, И. Андреев, В. Димитров, Р. Урдинов, М. Морарцалиев и К. Секулов. Од есента 1975 до летото 1980 година, настапува 5 сезони за Кожуф и ќе биде нивен најдобар играч и меѓу најдобрите играчи во Македонската лига. Ќе има понуди и за преминување во Ираклис од Солун. Летото 1980 година преминува во Вардарски од Богданци, каде ќе настапува до 1986 година и ќе биде главен играч на тимот. Во есента 1986 година се враќа во Беласица и ќе настапува за неа во Втората југословенска лига - Исток. Ќе настапи на 22 првенствени натпревари и ќе постигне два гола за победа против Слобода од Т. Ужице и нерешено со Ц. Звезда од Гњилане. Последниот меч за Беласица го игра против Влазними во Ѓаковица, јуни 1987 година. Летото 1987 година повторно се враќа во Вардарски каде игра уште една сезона (1987/88). По завршувањето на играчката кариера, станува тренер на Вардарски во летото 1988 година и ќе го води тимот во следните сезони.
Фантастична кариера, сметан од современиците за еден од најквалитетните халфови во Македонската лига во седумдесеттите и осумдесеттите години од претходниот век.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 103
Фотографии

Мојсеј Морарцалиев