Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Митко Тимов

  • Играч

2004–2007

Биографија

Митко Тимов е поранешен фудбалер на Беласица и Турново. Тимов е дел од генерацијата 1987-88, која првин го освојува пионерскиот куп против Пелистер во 2002 година, а потоа и младинскиот куп во 2006 против Силекс. Во двете финалиња, Тимов ќе биде стартер. Тимов дебитира за првиот тим на Беласица во април 2005 година, на 18 години, против Брегалница од Штип. Во сезоната, 2005/06, Тимов ќе е стандарден играч во првиот состав на Беласица, притоа настапувајќи на 22 натпревари. Во февруари 2006 година, Тимов игра за Беласица на младинскиот турнир во Виареџо. Првиот гол за Беласица, Тимов го дава против Вардар во Неготино, во 11-то коло од Втората македонска лига. Во сезоната, 2006/07, Митко Тимов ќе одигра 17 натпревари за Беласица и ќе постигне еден гол. Во јули 2007 година, Тимов ќе премине во Турново. Во оваа сезоната, 2007/08, Тимов со екипата на Турново, успева да стане шампион на Втората македонска лига и да влезе во Првата македонска лига. Летото 2008 година, Тимов се враќа во Беласица. Во есенскиот дел ќе постигне два гола и тоа против Новаци и Слога. Во сезоната, 2008/09, Тимов ќе одигра 17 натпревари и ќе постигне 2 гола. Последниот натпревар за Беласица, го игра против Скопје, во мај 2009 година. Тимов одигрува 57 првенствени натпревари за Беласица и постигнува 4 гола.

Кариера

Беласица

Настапи
57
Голови
4

Фотографии

  • Митко Тимов