Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Митко Панов (Митко Панов–Митоља)

  • Играч

1947–1961

Биографија

Митко Панов-Митоља, кој е роден во 1929 година, е фудбалска легенда на Беласица,. Тој е првата по во е на ѕвезда на Беласица. Настапува за Беласица во периодот од 1946 година, па сѐ до 1961 година. Тој е еден од тројцата браќа Панови, кои играат во тој период. Кога започнува да игра за Беласица на свои 17 години, клубот го носи името Илинден. Од 1947 година, Илинден (Беласица) почнува со првенствени натпревари, а Митко Панов игра стандардно во тимот. Во септември 1948 година, Панов игра за Илинден (од 11.09.1948 е вратено името Беласица) во квалификациите за влез во Првата македонска лига, првин против Брегалница од Штип, а потоа против Охрид. Во ноември и декември 1948 година ги игра сите 6 натпревари во средниот ред за Беласица во Штипската зона, а игра и пролетта 1949 година. Потоа оди во ЈНА. Есента 1952 г. Беласица игра во Штипскиот регион, а М.

Панов постигнува хет-трик против Осогово во Кочани, а стрелец е и против Тиквеш и Вардар од Неготино. Беласица е втора, но сепак со Брегалница од Штип влегуваат во новоформираната Македонска лига. Постигнува два гола во победата против Напредок од Куманово, есента 1953 година, во натпревар од Првата македонска лига. По две години во Првата македонска лига, Беласица во сезоната 1955/56 игра во Штипскиот потсојуз, а за тимот играат тројцата браќа, Митко, Ѓорги и Трајко Панов. Во сезоната 1956/57, Беласица игра во 4. зона, а Митко Панов со брат му Трајко, играат најмногу натпревари за Беласица, 23. Митко постигнува и 3 гола, со што е трет стрелец на тимот зад В. Цветков и Ефински. Пролетта 1959 година, Митко Панов е во одбраната на Беласица. Во сезоната 1959/60 игра на 18 натпревари и постигнува 2 гола во офанзивниот дел.

Во сезоната 1960/61 игра на 17 натпревари и дава еден гол против Работник од Битола. Тоа е неговата последна сезона во дресот на Беласица. Митко Панов бил омилен меѓу струмичката публика, играл скоро на сите позиции во тимот. Има одиграно околу 200 првенствени натпревари за Беласица, во неговите 12 сезони во Беласица. Во сезоната 1975/76 му е помошен тренер на Славко Џорлев во Тиверија, која тогаш игра во Првата македонска лига.

Фотографии

  • Митко Панов (Митко Панов–Митоља)