Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Митко Георгиев - Шеки

  • Играч

1971–1990

Биографија

Димитар Георгиев-Шеки, генијалец на теренот, сметан за најголем струмички талент, стрелец на многу атрактивни голови.

За Беласица има одиграно 236 лигашки натпревари и постигнато 50 голови, со што е во топ 10 и во двете категории. За Беласица има играно во 10 сезони.

Дебитира за Беласица во ноември 1971 година против Балкан од Скопје и уште во првата сезона доаѓа до израз неговата генијалност и го бараат Пелистер и Куманово. Продолжува со Беласица и во следните две години, при што во сезоната 1973/74 постигнува 13 голови и е најдобар стрелец на тимот. Летото 1974 година заминува во Тетекс, кој настапува во Втората југословенска лига. Две сезони настапува таму, заедно со Благој Георгиев и со Васил Рингов.

Се враќа летото 1976 година во Беласица, а сезоната 1977/78 ја поминува во ЈНА. Во сезоната 1978/79 со 7 голови е трет стрелец на тимот кој го освојува третото место. Во следните две сезони настапува на 33 првенствени натпревари. Летото 1981/82 оди во Пролетер Стојаково, каде настапува само една сезона.

Летото 1982 повторно се враќа во Беласица и игра феноменална сезона, прв стрелец на тимот е со 9 голови, а Беласица станува шампион на Првата македонска лига. Во следните две сезони, игра за Беласица во Втората југословенска лига - исток, при што во сезоната 1983/84 со 6 голови е трет стрелец на тимот. Летото 1985 година преминува во Тиверија. Во следните 4 сезони во Тиверија, во 91 натпревар, постигнува 25 голови.

Во сезоната 1988/89 Тиверија настапува во Првата македонска лига, завршува на 5 место, а Шеки е најдобрата лева полутка во лигата. По 4 години во Тиверија, преминува во Вардарски од Богданци, каде игра со Панов и Марков.

Пролетта 1990 година се враќа во Беласица и игра 4 натпревари во Третата југословенска лига - исток, а последниот меч за Беласица го игра во април 1990 г., против Тетекс. Во сезоната 1992/93 е најдобар играч и стрелец на Тиверија во Третата македонска лига - исток и ќе помогне Тиверија да влезе во Втората лига - исток. Есента 1993 г. е неговата последна полусезона, игра на 5 натпревари, а последниот меч го игра против Брегалница Штип.

Неверојатна кариера, засекогаш го заслужи местото во срцата на струмичани.

Кариера

Беласица

Настапи
235
Голови
50

Фотографии

  • Митко Георгиев - Шеки