
Митко Џорлев
- Играч
1958–1968
Биографија
Димитар (Митко) Џорлев, легендарен десен бек на Беласица, од шеесетите години на минатиот век. За Беласица има одиграно околу 130 лигашки натпревари (за сезоната 1958/59 ги немаме сите извештаи) во 8 сезони и постигнато 7 голови. Дебитира за Беласица на 18 години во сезоната 1958/59. Првиот гол го дава во април 1959 против Тиквеш. Во сезоната 1959/60 ги одигрува првите 13 натпревари пред во март 1960 година замине во ЈНА. По отслужувањето на 24 месечниот воен рок, во март 1962 година заминува во Брегалница Штип. Одигрува 3 натпревари со своите браќа Славко и Атанас во Брегалница, но сепак носталгијата за Струмица е преголема и се враќа пак во својот роден град. Сезоната 1962/63 ја започнува со гол против Вардар од Неготино и ги игра сите 13 натпревари есента, а Беласица е есенски вицешампион. Во сезоната 1963/64, настапува на 16 натпревари и дава свој допринос во освојувањето на вицешампионската титула. Во сезоната 1964/65 настапува на првите 23 натпревари како стартер играјќи во тимот со Комаров, М. Џорлев, Џртев, Ризов (Ефтимов), Шумаров (Петровиќ), Трајков (Сулејманов), Христов (Семенков), Пандев, С. Џорлев, Пантазиев, Џидалов. Во сезоната 1965/66, единствени со А. Трајков ги одигруваат сите 26 натпревари. Во следните две сезони (1966/67 и 1967/68) одигрува уште 18 натпревари. Својот последен натпревар го игра во април 1968 година против Пелагонија од Битола (БСК).
Татко е на Никола Џорлев, познат спортски работник, кој ги поминува сите младински категории на Беласица, а игра и на пријателските средби во сезоната 1983/84.
* Сликите се од личната архива на Митко Џорлев.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 130
Фотографии

Митко Џорлев