
Митко Цонев
- Играч
2012–2015
Биографија
Митко Цонев е поранешен фудбалер на Беласица. Цонев потекнува од младинската школа на Беласица и ќе учествува со младинскиот тим на Беласица на турнирот во Виареџо во 2013 и 2014 година. Цонев ќе настапува стандардно за Беласица во Виареџо против екипите на Лацио, предводена од Симоне Инзаги, Аталанта, Сиена, Бриж,... Во првиот тим влегува есента 2012 година, на 17 години, кога Беласица ќе се натпреварува во Трета македонска лига - исток и ќе биде предводена од Тони Ефтимов. Во сезоната, 2013/14, Цонев ќе одигра 22 натпревари и ќе постигне 10 гола, со што ќе е трет стрелец на тимот, веднаш зад Ѓ. Лиманов и Д. Петров. Беласица ќе го освои првото место во Третата лига и ќе игра бараж против Вардар од Неготино, кој ќе го изгуби 1:2. Следната сезона, 2014/15, Цонев ќе одигра 21 натпревар и ќе постигне 12 гола, со што ќе е втор стрелец, само зад М. Костовски. Беласица ќе стане шампион на Третата лига, предводена од Стево Петковски, а Цонев како капитен на тимот ќе го подигне шампионскиот пехар за сезоната 2014/15. Но, во баражот, Беласица ќе изгуби во двомечот од Победа Прилеп.
Летото 2015 година, Цонев ја напушта Беласица и накратко првин оди во Победа од Прилеп, за да потоа игра за Плачковица, а во февруари да заигра во екипа од Германија. Цонев се враќа летото 2016, пак во Македонија и ќе игра првин во Брегалница од Делчево, а пролетта 2017 пак ќе ја игра во Плачковица, каде ќе постигне 6 гола. Сезоната, 2017/18, ја почнува во второлигашот, Хоризонт од Турново, но по откажувањето на Хоризонт од лигата, Цонев ќе продолжи да игра во ФК Василево, каде ќе постигне 15 гола во Трета лига - југ. Сезоната, 2018/19, Цонев ќе ја одигра во Тиверија и на 14 натпревари ќе постигне 7 гола. Сезоната, 2019/20, Цонев ја поминува пак во Василево, а потоа ќе премине во Тиверија, но заради корона вирусот, првенството е прекинато. Потоа, Цонев пак се враќа во Хоризонт. Во сезоната 2022/23, Цонев игра во екипата на Рејдтер од Германија, а последната сезона, 2023/24, ќе ја помине во Дојранско Езеро, каде ќе постигне 5 гола.
Фотографии

Митко Цонев