
Мите Кусиванов
- Играч
1974–1982
Биографија
Митко Кус-Иванов, универзален играч на Беласица, Тиверија и 11 Октомври - Прилеп. За Беласица има одиграно 50 првенствени натпревари во 4 сезони и постигнато 2 голови.
Дел е од познатата младинска екипа на Беласица: В. Рингов, А. Грнчаров, Љ. Мафков, Т. Пецев, И. Андреев, В. Стоилов,... Настапува за младинскиот тим во сезоните 1971/72 и 1972/73. Потоа се приклучува на сениорскиот тим. Дебитира во септември 1974, во второ коло против Осогово во Кочани, на свои 18 години. Првиот свој гол го постигнува против Пелистер. Во оваа есенска полусезона од сезоната 1974/75 настапил на 6 натпревари. Во следната сезона 1975/76, настапува на 17 натпревари вкупно, притоа пролетта 1976 настапува стандардно во првиот тим заедно со Д. Георгиев, В. Кљанков, М. Секулов, И. Андреев, К. Секулов, Т. Пецев, Р. Анчев, П. Андреев, Б. Тасев, Љ. Мафков и В. Стоилов. Настапува за Беласица и есента 1976 година. Во сезоната 1977/78 настапува за 11 Октомври од Прилеп, кој настапува во Првата македонска лига. Во јули 1978 се враќа во Струмица, но сега во Тиверија. Во Тиверија ќе настапува во следните три сезони. Во првата своја сезона во Тиверија, во сезоната 1978/79 игра како лево крило и постигнува 9 голови, со што е втор стрелец на тимот со Мишев, а зад Балдовалиев. Во следната сезона 1979/80 игра на 18 натпревари во нападот со Мишев, Дробаров, Балдовалиев и Милушев. Во сезоната 1980/81 одигрува најмногу натпревари за Тиверија, вкупно 23 и постигнува 4 голови во тимот во кој играле и Т. Аљоков и Р. Попов. Летото 1981 година повторно се враќа во Беласица. Во есенскиот дел настапува на 13 натпревари како стартер на местото десен бек, во одбраната покрај Т. Георгиев, В. Дрвошанов, Б. Митев, Р. Панов и голманот Б. Истатов. Постигнува и гол против Саса. Во пролетта 1982 е прекомандуван во офанзивата, од страна на новиот тренер, Никола Божиќ. Кус-Иванов ќе игра како лева полутка во нападот со А. Мишев, М. Василев, А. Пандев и Т. Стојанов. Вкупно одигрува 23 натпревари во првата постава. По оваа сезона оди во ЈНА. Се враќа од ЈНА, есента 1983 година, во дресот на Тиверија. Оваа ќе биде последна негова полусезона. На својот последен натпревар со Слога Виница ќе постигне и гол. Вкупно во својата кариера за Тиверија одигрува 67 натпревари во 4 сезони и постигнува 15 голови.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 50
Фотографии

Мите Кусиванов