
Мирко Џидалов
- Играч
1963–1972
Биографија
Мирко Џидалов, легендарно лево крило на Беласица. Настапувал во два наврати за Беласица (1963-65 и 1967-72), притоа постигнувајќи 52 голови на 146 официјални натпревари во 7 сезони. Неговиот талент уште во младинска категорија е забележан и ќе настапува за младинската репрезентација на Македонија. Сениорската кариера ја започнува во Тиверија, каде во сезоната 1962-63 ја освојува вицешампионската титула во Штипскиот потсојуз. Тој и Б. Ашиков, А. Трајков и С. Босиљанов ја напуштаат Тиверија во летото 1963 година и преминуваат во Беласица. Дебитира против Караорман и во својот прв натпревар постигнува и гол. Во пролетниот дел е стандарден на позицијата лево крило. На крајот Беласица е втора, а тој придонесува со 3 голови. Следната сезона, 1964/65, е најуспешната за него. Прв стрелец на тимот е со 17 голови на 24 натпревари. По оваа генијална сезона, заедно со Б.
Пандев одат во силната екипа на Брегалница Штип. Во есенската полусезона, 1965 г., постигнува 3 голови и оди во ЈНА, во следните 18 месеци. Летото 1967 година се враќа повторно во Беласица. Во сезоната 1967/68 постигнува 7 голови и е трет стрелец на тимот. Во следната сезона,1968/69, Џидалов пак е многу ефикасен и постигнува 11 голови и со Пантазиев со своите 13 голови, се најдобри стрелци на тимот. Во следните две сезони (1969/70 и 1970/71) постигнува уште 13 голови. Негова последна сезона е 1971/72, а последниот гол го дава против ФЦУ. Последниот натпревар го игра во Струмица, против Борец од Велес, во април 1972 година.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 146
- Голови
- 52
Фотографии

Мирко Џидалов