
Мирче Стоилов
- Играч
2023–2025
Биографија
Мирче Стоилов е поранешен фудбалер на Беласица и Академија Пандев. На 10 години, во 2014 година, започнува да тренира во Академија Пандев. Освојува многу титули во младинска конкуренција со оваа екипа. Мирче игра и за репрезентацијата на Македонија до 16 и до 17 години. Вкупно за двете репрезентации има 7 настапи. Во сезоната 2022/23, со Академија Пандев е есенски шампион, но решава дека е време за сениорски фудбал и во февруари 2023 година, на свои 18 години и 2 месеци, преминува во Беласица. Дебитира против Борец во Велес. Во пролетната полусезона забележува вкупно 13 настапи. Во следната, 2023/24, Стоилов одигрува 20 првенствени натпревари, од кои 14 како стартер. Во сезоната, 2024/25, Мирче одигра 21 натпревар, а последен му беше повторно против Борец од Велес, но сега на домашен терен. За две и пол сезони во Беласица, Стоилов одигрува 54 првенствени натпревари.
Неговиот брат, Ристе (2008), настапува во младинските категории на Црвена Звезда од Белград и е репрезентативец на Македонија во младинските категории (до 16 и до 17 години).
Кариера
Беласица
- Настапи
- 54
Фотографии

Мирче Стоилов