Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Миле Костовски - Манго

  • Играч

2010–2018 (со прекин 2011–2014)

Биографија

Миле Костовски - Манго е поранешен фудбалер на Беласица, Тиверија, Кожуф, Осогово и Македонија од Берн.

За Беласица дебитира во април 2010 година на свои 20 години, во дуелот против Локомотива во Скопје. Во следната 2010/11 игра на 11 натпревари и го постигнува својот прв гол против Охрид во Втората македонска лига. Потоа оди во Тиверија. Во сезоната 2012/13, Костовски со Тиверија успева да стане шампион на Третата македонска лига- исток и да се пласира низ бараж во Втората македонска лига. Есента 2013 година на 15 натпревари за Тиверија, постигнува 4 гола во Втората македонска лига. Во јануари 2014 година преминува во Кожуф, каде на 8 натпревари ќе постигне 5 гола. Во летото 2014 преминува во Беласица. Во првата сезона со Беласица ќе е шампион на Третата македонска лига - исток и ќе постигне 27 гола на 19 натпревари и ќе биде прв стрелец на тимот. Беласица во баражот со Победа од Прилеп, не успева да влезе во Втората лига. Следната сезона, 2015/16, на 11 натпревари постигнува 8 гола. Во сезоната, 2016/17, Беласица пак е првак на Третата македонска лига - исток, а Миле Костовски со 28 гола е втор стрелец на тимот. Во сезоната, 2017/18, Беласица е во Втора македонска лига - исток, а Костовски со 9 гола на 22 натпревари, ќе допринесе за освојувањето на шампионската титула. Костовски ќе е трет стрелец на тимот зад П. Георгиев и М. Мирчевски. Летото 2018 година оди во Швајцарија во тимот на Македонија од Берн. Летото 2019 се враќа во Македонија и оди да игра за Осогово од Кочани, но само на кратко.

За 6 сезони во Беласица, на 88 првенствени натпревари има постигнато 73 гола (63 гола во Трета македонска лига и 10 гола во Втора македонска лига), со што е 5-ти стрелец во историјата на Беласица.

Кариера

Беласица

Настапи
88
Голови
73

Фотографии

  • Миле Костовски - Манго