
Миле Чинков
- Играч
1965–1975
Биографија
Миле Чинков, легендарно десно крило на Беласица во периодот од 1965 до 1975 година. За Беласица има настапено во 179 првенствени натпревари во 11 сезони и постигнато 36 голови. Со овој број на натпревари и голови и во двете категории е во најдобрите 20 во историјата на Беласица. Чинков ја поминува младинската школа на Беласица и е дел од генерацијата со Истатов, Семенков… која ќе го освои младинскиот куп на Македонија во сезоната 1964/65.
Првиот свој настап за сениорската екипа на Беласица е во септември 1965 година, против Брегалница од Штип. Во ноември 1965 г. ги постигнува своите први два гол а против Маврово од Гостивар. На крајот од сезоната 1965/66 ќе е четврти стрелец на тимот со 4 голови. Во следната сезона, 1966/67, со 5 голови е трет стрелец, зад Семенков и Петровиќ со 8 голови. Во сезоната 1969/70 на 24 натпревари постигнува 6 голови, како дел од нападот во состав: Чинков, Пантазиев, Георгиев, Ашиков и Џидалов. Следната 1970/71 е неговата најдобра сезона, кога со 9 голови е најдобар стрелец на тимот. По одигрувањето на првите 12 натпревари во есенскиот дел, на крајот од 1971 година заминува во ЈНА. Се враќа во финишот од есенската полусезона 1972 г. и настапува на последните 5 натпревари. Во истата сезона, 1972/73 година, е капитен во пролетниот дел на тимот.
Во следната сезона, 1973/74, е дел од нападот: Чинков, Аљоков, Мафков, Шеки и Стоилов. Во есенскиот дел од сезоната 1974/75 со 3 голови е втор стрелец на тимот. Последна негова сезона е 1975/76, кога игра на 5 натпревари, а последен натпревар му е во октомври 1975 година, против Охрид.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 179
- Голови
- 36
Фотографии

Миле Чинков