Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Миле Боев

  • Играч

1983–1986

Биографија

Миле Боев, врвен македонски центарфор,кој настапуваше за Беласица во периодот од 1983 до 1986 година. За Беласица настапуваше три сезони и сите во Втората југословенска лига - Исток, при тоа забележувајќи 60 првенствени настапи и постигнувајќи 5 голови.

Кариерата ја започнал во своето родно Валандово во тимот на Победа Валандово. Во сезоната 1975/76 година, Победа Валандово, станува шампион на Штипски потсојуз и во сезоната 1976/77 Победа и Боев за првпат играат во Прва македонска лига. Боев со 29 голови ќе биде прв стрелец на Првата македонска лига во таа сезона (1976/77), под раководство на тренерскиот тандем Џртев- Ашиков, а помогнат со асистенциите на поранешните фудбалери на Беласица и Тиверија (Аљоков, Вукшан, Почек, Данев, М. Карамучев и Бинев). Боев ќе биде цел на многу големи клубови од Првата и Втората југословенска лига. Ќе игра и за репрезентацијата на Македонија во меѓурепубличките игри. Во наредните сезони ќе продолжи со головите за Победа, се до летото 1983 кога преминува во Беласица, на своја 28 годишна возраст. Дебитира во мечот против Слобода во Титово Ужице, а првиот гол го постигнува во легендарниот меч против Галеника во Земун (4:2 за Беласица). Во првата сезона постигнува 3 голови. Во втората сезона (1984/85) има најмногу настапи за Беласица, 33, на кој постигнува 2 голови. Последниот негов првенствен гол за Беласица е против Лирија во Призрен. Во последната сезона (1985/86) игра малку, а последен негов настап е против Пелистер во Битола, во април 1986 година. Летото 1986 година се враќа во Победа Валандово, каде од есента 1990 година ќе стане и помошен тренер и играч, на струмичкиот тренер, Ристо Божинов.

По повод 100 години од постоењето на Победа Валандово ќе биде прогласен за најдобар играч на векот во Валандово.

https://m.youtube.com/watch?v=Zrr9ULUL_fI

Кариера

Беласица

Настапи
60
Голови
5

Фотографии

  • Миле Боев