Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Мики Стојков

  • Играч

2003–2005

Биографија

Мики Стојков е поранешен одбранбен играч на Беласица, Турново, Вентспилс, Дојранско Езеро,... Ги поминува сите младински категории на Беласица, притоа учествувајќи во освојувањето на неколку трофеи. Во 2002 година, Стојков и Беласица ќе го освојат младинскиот куп, со победата над Куманово, а следната сезона 2002/03, Беласица и Стојков ќе го изгубат младинското финале на куп од Вардар. Стојков ќе биде репрезентативец на Македонија во сите младински категории. Во август 2003 година, дебитира за сениорскиот тим на Беласица на гостувањето против Вардар во Скопје. Во пролетниот дел на првенството, Стојков ќе е стандарден во одбраната покрај: Адамс, Јованов, Поцев и Христовски. Стојков ќе одигра 18 првенствени натпревари во оваа сезона, 2003/04 и ќе постигне еден гол против Напредок од Кичево. Стојков ќе продолжи и во следната сезона да игра стандардно за првиот тим и притоа ќе одигра 22 натпревари и ќе постигне 1 гол против Слога во Скопје. Во есенската полусезона 2005, Стојков ќе одигра 14 натпревари во стартниот состав на Беласица. Последен натпревар му е против Брегалница од Штип. Вкупно за Беласица одигрува 54 првенствени натпревари и постигнува 2 гола. Во јануари 2006 година ќе го напушти тимот на Беласица и ќе игра за второлигашот, Турново. Во сезоната 2006/07, го игра само првото коло за Турново, кога и постигнува гол против Караорман, а потоа заминува да игра во Летонија во Вентспилс, каде настапува заедно со З. Балдовалиев. Во јануари 2007 година оди во екипата на ФК Дојранско Езеро, заедно со В. Николов, Н. Танушев, К. Чачев,... Стојков, потоа заминува во Италија, каде ќе игра во локални клубови од Пјаченца. Мики Стојков е брат на поранешниот репрезентативец на Македонија, Ацо Стојков.

Кариера

Беласица

Настапи
54

Фотографии

  • Мики Стојков