
Мартин Мирчевски
- Играч
2019–2020
Биографија
Мартин Мирчевски е поранешен играч на Беласица, Академија Пандев, Вардар, Пелистер, Победа и Трепча.
Во Беласица доаѓа во јануари 2018 година од тимот на Победа од Прилеп. Дебитира за Беласица во февруари 2018 година, на своја 21 година, против Победа во Валандово и постигнува два гола. Во оваа пролетна полусезона ќе одигра 11 натпревари за Беласица и ќе постигне 10 гола, со што е втор стрелец на тимот, зад Пепи Ѓоргиев со 16 гола. Беласица ќе успее за прв пат да влезе во Прва македонска лига, по пауза од 12 години. Оди летото во Трепча во Косово, но таму останува само 6 месеци и пак се враќа во Беласица. Игра во пролетниот дел од сезоната, 2018/19, за Беласица во Првата македонска лига. Ќе игра на 16 натпревари и ќе постигне 3 гола, а повеќе од него погодоци имаат: П. Ѓоргиев, З. Балдовалиев, Д. Савиќ и Ф. Ивановски. Беласица испаѓа од Прва лига, но Мартин Мирчевски ќе остане во Беласица. Мартин во сезоната, 2019/20, која ќе биде прекината заради пандемијата, ќе одигра 15 натпревари и ќе постигне 14 гола и ќе биде прогласен за најдобар играч и најдобар стрелец на Втората македонска лига - исток. Беласица пак влегува во Првата македонска лига, а Мартин ќе игра само во првите три натпревари за Беласица од сезоната 2020/21, по што заминува во Вардар од Скопје.
За Беласица во 4 различни сезони, на 45 натпревари, постигнува 27 гола.
По сезоната 2020/21, која ја поминува во Вардар, летото 2021 се враќа во Струмица, но сега во Академија Пандев. По постигнатите 16 гола во есенскиот дел, заминува повторно во странство, во тимот на ТСЦ од Бачка Паланка. Со овие 16 гола, иако не играл напролет, сепак на крајот е втор стрелец на Првата македонска лига. Во сезоната, 2022/23, ТСЦ со Мирчевски е вицешампион на Србија. Мартин има и еден настап во најдобрата репрезентација на Македонија.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 45
- Голови
- 27
Фотографии

Мартин Мирчевски