
Мартин Алаѓозовски
- Играч
- Тренер
2005–2014
Биографија
Мартин Алаѓозовски е сегашен тренер на Беласица и поранешен фудбалер на Беласица, Нов Милениум и Тиверија.
Во сезоната 2001/02, Алаѓозовски со генерацијата 1987/88 го освојува купот на Македонија во пионерска конкуренција, победувајќи го Пелистер со 3:1. Во сезоната 2005/06, оваа генерација со Алаѓозовски, А. Милушев, К. Захов, Д. Стојков, го освојува и младинскиот куп на Македонија победувајќи го Силекс со 2:1. Со оваа генерација, Алаѓозовски игра на турнирот во Виареџо во 2006 година, кога Беласица забележува две победи, победувајќи ја и Џенова.
За првиот тим на Беласица, Алаѓозовски дебитира во Првата македонска лига, против Работнички, во октомври 2005 година. На следните два натпревари, Мартин постигнува голови против Силекс за 1:1 и против Шкендија од Тетово. Во оваа сезона, 2005/06, Алаѓозовски одигрува 17 натпревари и постигнува 3 гола, со што е втор стрелец на тимот, заедно со С. Пандев, а повеќе од нив има само Д. Савиќ со 7 гола.
Беласица испаѓа, а Алаѓозовски ќе продолжи да игра за Беласица и во Втората македонска лига. Во натпреварот против Слога Југомагнат, Мартин постигнува два гола, а против Илинден во Велмеј постигнува хет-трик за победа. Вкупно во сезоната 2006/07, Мартин ќе постигне 7 гола на 26 натпревари и ќе е втор стрелец на тимот, зад Ѓ. Лиманов со 11 гола, а пред Г. Пројков со 3 гола.
Пролетта 2008 година игра за Нов Милениум од Сушица во Втората македонска лига, заедно со: Захов, Ташев, Митрев, Иванов, Јанкулов, Атанасов. Ќе игра за Нов Милениум и есента 2008 година, но за жал во текот на зимата 2009 година, овој тим банкротира. Ќе игра и во Пирин Благоевград, пролетта 2009 година.
Во сезоната 2009/10, Алаѓозовски игра за Тиверија во Третата македонска лига - исток, а за овој тим ќе настапува и во есенскиот дел од сезоната 2010/11. Во февруари 2011 година, Алаѓозовски пак се враќа во Беласица и ќе настапува во последните неколку кола. Во следната сезона, 2011/12, Мартин Алаѓозовски ќе одигра 30 натпревари за Беласица и ќе постигне 6 гола, со што ќе е втор стрелец на тимот, веднаш зад В. Георгиев со 7 гола.
Од сезоната 2012/13, Алаѓозовски ќе игра за Беласица во Третата македонска лига - исток. Во сезоната 2013/14, на 20 натпревари за Беласица, Алаѓозовски ќе постигне 2 гола, а во нападот покрај него се: Ѓ. Лиманов, Д. Петров, М. Цонев и Б. Глигоров. Во есента 2014 година го игра последниот натпревар за Беласица и ја завршува својата играчка кариера на 27 години. Во Беласица, во 7 различни сезони, одигрува барем 97 натпревари (немаме податоци за сезоната 2012/13) и постигнува 18 гола.
По завршувањето на играчката кариера во голем фудбал, Мартин започнува со мал фудбал. Ќе игра во екипата на Лукоил во Бизнис лигата и за 4 сезони, неговата екипа ќе стане три пати шампион, а тој ќе биде прогласен за најдобар играч. Ќе одигра и 6 натпревари за репрезентацијата на Македонија во мал фудбал.
Алаѓозовски ќе остане во фудбалот по завршувањето на кариерата во мал фудбал и ќе се посвети на тренерската работа. Ќе се стекне и со УЕФА Б лиценца и последните години работи како тренер во младинските категории на Академија Пандев. Исто така е асистент тренер, заедно со Т. Атанасов на Ѓ. Стојчев, кога Академија Пандев игра во европските купови, во 2022 година.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 120–130
Периоди
- Тренер
- 2026
Фотографии

2024
Мартин Алаѓозовски на клупата.

Мартин Алаѓозовски