Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Марјан Ташев

  • Играч

2003–2018 (со прекини)

Биографија

Марјан Ташев е поранешен фудбалер на Беласица, Хоризонт од Турново и Нов Милениум (Младост) од Сушица. Ги поминува младинските школи на Беласица, при тоа освојувајќи куп титула во кадетдка конкуренција и игра финале со младинците на Беласица во 2003 година. Ташев е капитен на младинската репрезентација на Македонија до 17 години. Во октомври 2003 година дебитира за првиот тим, на 18 години, против Напредок во Кичево. Вкупно во сезоната, 2003/04, одигрува 17 натпревари. Летото 2004, заминува во новиот второлигаш, Младост од Сушица, каде го освојувa 9-тото место и игра на 29 натпревари заедно со браќата, Зоран и Мите Начевски, А. Василев, М. Јованов,... По една сезона, летото 2005 година, пак игра за Беласица. Против Башкими во Куманово го постигнува својот прв гол. Вкупно во оваа сезона, 2005/06, Ташев одигрува 18 натпревари и постигнува 2 гола, но Беласица испаѓа од лигата. Летото 2006 година преминува во второлигашот Турново и дебитира протов Караорман. Марјан одигрува 29 натпррвари во одбраната со: Т. Пандев, Р. Христовски, М. Јованов, Љ. Стоилов, С. Петковски,... Турново го освојува 5-тото место, во оваа сезона, 2006/07. Летото 2007 година, Ташев пак оди во второлигашот, Нов Милениум од Сушица, каде игра во полуфиналето нанкупот на Македонија. Есенската полусезона 2008, Ташев ја поминува во Нов Милениум, но заради немање финансии, клубот се откажува од Втората македонска лига. Ташев одигрува 73 натпревари, во дресот на тимот од Сушица. Во јануари 2009, Ташев, заедно со Д. Митрев и Б. Тимов, преминуваат во новиот прволигаш, Хоризонт од Турново. Ташев останува во Турново во следните 8 години, се до јануари 2017 година. Ташев во сезоната 2009/10 одигрува 21 натпревар, а следната игра на 28. Ташев е еден од најстандардните со 31 натпревар, во одбраната во сезоната, 2011/12, покрај: С. Димовски, А. Милушев, Д. Митрев, Т. Петров,... Со Хоризонт од Турново во сезоната 2012/13 е трет во Македонија, а следната 2013/14, со Хоризонт е вицешампион на Македонија. Ташев во овие две сезони одигрува 53 натпревари. Ташев игра за Хоризонт и две сезони во купот на УЕФА, против екипите на Судува од Литванија, Хајдук и Чикура од Грузија. Со екипата на Хоризонт од Турново игра до летото 2016 година во Прва македонска лига и одигрува уште 60 натпревари, но во баражот со Пелистер, Хоризонт отпаѓа. Ташев е играч со најмногу одиграни натпревари за Хоризонт во Прва лига. Есента 2016 ги одигрува последните 14 натпревари, како капитен, во последната полусезона за Хоризонт во Втора македонска лига. Марјан одигрува вкупно 244 натпревари за Хоризонт Турново, со што се наоѓа на трето место на вечната листа. Во јануари 2017 се врати во Беласица и во пролетната 2017 полусезона, Беласица станува шампион на Трета македонска лига, а Ташев одигрува 13 натпревари. Во сезоната, 2017/18, Беласица станува шампион на Втората македонска лига - исток, а Ташев како капитен одигрува 23 натпревари и постигнува 4 гола. Ташев ја одигрува својата последна полусезона за Беласица, есента 2018 година во Првата македонска лига. Ташев одигрува 13 натпревари во одбраната. Ташев во својата кариера за Беласица одигрува во 5 сезони, 84 натпревари и постигнува 7 гола. Ташев за трите струмички клуба одигрува 401 натпревар, во 16 сезони.

Статистика по сезони
Сезона клуб натпревари/голови
2003/04 Беласица 17/0
2004/05 Младост 28/0
2005/06 Беласица 18/2
2006/07 Турново 29/0
2007/08 Нов Милениум 30/1
2008/09 Нов Милениум 15/1
Хоризонт 8/0
2009/10 Хоризонт 21/3
2010/11 Хоризонт 28/3
2011/12 Хоризонт 31/2
2012/13 Хоризонт 27/1
2013/14 Хоризонт 26/1
2014/15 Хоризонт 28/1
2015/16 Хоризонт 32/0
2016/17 Хоризонт 14/0
Беласица 13/1
2017/18 Беласица 23/4
2018/19 Беласица 13/0
__________________________________
Вкупно 401/20

Кариера

Беласица

Настапи
85
Голови
7

Фотографии

  • Марјан Ташев