
Марјан Јовев - Бенеш
- Играч
1987–1994 (со прекини)
Биографија
Марјан Јовев - Бенеш, дефанзивец на Беласица, Тиверија и Брегалница Штип.
За Беласица има 89 првенствени натпревари.
Младинските категории ги поминува во Беласица, а оди и на подготовки со сениорскиот тим во сезоната 1984/85. Во потрага по поголема минутажа, летото 1985 година, на 18 години, преминува во Тиверија и ќе ги одигра сите 13 натпревари во есенскиот дел. Во одбраната е со: М. Илиев, Гонев, Ж. Василев, М. Јовев, Љ. Михајлов, В. Митев. Во 1986 година е во ЈНА. Се враќа пролетта 1987 во дресот на Тиверија. Летото 1987 пак се враќа во Беласица. Дебитира за Беласица против Тиквеш во Кавадарци. Во оваа сезона, 1987/88, игра на вкупно 22 натпревари. Стандарден дел е од одбраната,која летото 1988 година ги игра историските квалификации. Одбраната е во состав: М. Илиев, Т. Георгиев, Т. Стојанов, М. Јовев, К. Секулов, Р. Панов. Во единствената Втората Југословенска лига, игра за Беласица на 29 натпревари, заменувајќи го на центархалфската позиција, К. Секулов. Во сезоната 1989/90 игра на 28 натпревари во Третата Југословенска лига Исток. Есента 1990 година го игра само натпреварот со Куѓаново.
Во сезоната 1992/93 настапува во Брегалница Штип, а дел е од овој тим и во есенската 1993 полусезона. Во јануари 1994 се враќа во Беласица и ќе одигра 8 натпревари во пролетниот дел. На натпреварот со Караорман го дава и својот единствен гол за Беласица. Последниот натпревар за Беласица го игра во август 1994 година, против Рудар од Пробиштип. Јовев игра кратко и за Први Партизан Турново.
Ќе се врати да игра пак за Тиверија, со М. Алачки, З. Андонов, Р. Атанасов,... и да помогне Тиверија пак да се врати во Втората Македонска лига.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 89
- Голови
- 1
Фотографии

Марјан Јовев - Бенеш