
Марјан Иванов
- Играч
1994–2000
Биографија
Марјан Иванов е лев бек, кој во период од 15 сезони ќе игра за Беласица, Турново, Тиверија и Нов Милениум. Во Беласица вкупно има одиграно 100 првенствени натпревари во 6 сезони и има постигнато 2 гола.
Ги поминува сите младински категории на Беласица од пионерска, па се до младинци. Дебитира за сениорскиот тим на Беласица против Рудар од Пробиштип, во август 1994, на негови полни 18 години. Уште во првата своја полусезона ќе биде стандарден во одбраната во состав: Илиев, Стојановски, Иванов, Беличев, Панов и Ѓузелов. Првиот свој гол го дава против Охрид во март 1995 година. Во првата своја сезона, 1994/95, вкупно игра на 21 натпревар. Во следната сезона, 1995/96, настапува на 18 натпревари. Летото 1996 година, заедно со П. Стојанов, П. Ристевски, З. Начевски и Ј. Василев заминуваат во Плачковица. Во сезоната 1997/98 пак се враќа во Беласица и настапува на 17 натпревари во одбраната, во состав: Руменовски (Илиев), Николов, Иванов (Петковски), Дориев, Даскаловски, Танушев (Стоев). Во следната сезона, во Втора македонска лига, игра за Беласица на 23 натпревари. Во последната негова сезона во Беласица, 1999/2000, игра на 20 натпревари, кога Беласица пак успева да се врати во Првата македонска лига. Последниот натпревар го игра против Ударник во Пирава, во мај 2000 година. Во последната сезона игра заедно со следните големи звезди на македонскиот фудбал: Г. Пандев, А. Стојков и Р. Попов.
Летото 2000 се преселува во амбициозната екипа на Турново, каде уште на самиот старт дава хет трик, против конкурентот, Рудар од Пробиштип. Во Турново ќе игра 6 сезони, а најголем успех на екипата е играњето на бараж за влез во Првата македонска лига, во сезоната 2003/04. Во баражот, Иванов го дава голот за водство на Турново, но Цементарница дава два гола и на крај победува. Иванов за цел овој период е еден од главните носители на тимот. Во јануари 2006 година, преминува во Тиверија, која прави силна екипа со Атанасов, Танушев, Танев, Наков,... со цел влез во Втора лига. Тиверија е прва во Третата лига, 2005/06, но за жал губи на пенали во баражот за влез во Втора лига, летото 2006 година. Потоа, Иванов оди во амбициозниот тим на Нов Милениум од Сушица, кој игра во Втората македонска лига заедно со Беласица и Турново. Иванов останува во овој тим две и пол сезони, се до јануари 2009, кога тимот заради финансиски проблеми се откажува од натпреварувањето во Втората македонска лига. Есента 2008 година ќе е негова полусезона, по која Иванов се откажува од фудбалот, по 15 сезони поминати во четирите најдобри тимови во струмичкиот регион во тој период (1994-2008).
Кариера
Беласица
- Настапи
- 100
Фотографии

Марјан Иванов