
Марјан Илиев
- Играч
1986–1999
Биографија
Марјан Илиев, голманска легенда на Беласица. Во Беласица настапува во 13 различни сезони и притоа забележува 208 првенствени настапи, со што е само еден од 17-те фудбалери што имаат играно на повеќе од 200 првенствени натпревари за Беласица.
Својата кариера најпрвин ја започнува во Тиверија, каде дебитира на 19 години. Во Тиверија поминува две сезони, од 1984 до 1986 година и брани на 39 првенствени натпревари.
Летото 1986 година преминува во Беласица. Во нејзиниот дрес дебитира есента 1986 г. во мечот против Раднички од Пирот во Втората југословенска лига - исток. Во својата прва сезона во Беласица брани на 18 натпревари и е дел од триото голмани на Беласица, заедно со Љ. Димовски и Д. Руменовски.
Во сезоната 1987/88 брани на 21 натпревар, а покрај него, оваа сезона голот го бранат и Д. Георгиев и З. Манев. Брани и на сите 4 натпревари во квалификациите за влез во Втората југословенска лига. Во сезоната 1988/89 брани на 30 натпревари, по што оди во ЈНА во сезоната 1989/90. Во сезоната 1990/91 брани на три натпревари и оди во Брегалница од Штип. Во Беласица се враќа пролетта 1992 г., а во сезоната 1992/93 брани на 23 натпревари. Брани една полусезона во Единство Пиперево и се враќа пак во Беласица. Во сезоната 1994/95 брани на 27 натпревари. Во сезоната 1995/96 е капитен на Беласица и брани на 27 натпревари. Во сезоната 1996/97 брани на 21 натпревар, а ќе брани и во следните две сезони, делејќи ја минутажата со Руменовски, Тимов и Киров.
Последниот првенствен настап за Беласица го има есента 1999 година, во мечот против Вардар од Неготино. Пролетта 2000 брани за Плачковица од Штип.
Над 20 утакмици има брането во 6 сезони, и тоа:1987/88, 1988/89, 1992/93, 1994/95, 1995/96 и 1996/97.
Татко е на Дејан Илиев, македонски репрезентативен голман и поранешен член на Арсенал.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 208
Фотографии

Марјан Илиев