Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Марјан Даскаловски

  • Играч

1982–1998

Биографија

Марјан Даскаловски е легендарен одбранбен играч на Беласица. За Беласица има настапувано во 9 сезони, притоа настапувајќи на 167 лигашки натпревари и постигнувајќи 6 голови. Даскаловски ги поминува младинските школи на Беласица и доаѓа до првиот тим на свои неполни 18 години. Дебитира пролетта 1982 против Осогово од Кочани, а првиот гол го дава со Сутјеска во Никшиќ. Во 1984 година заминува на факултет во Скопје и во периодот од 1984 до 1987 настапува за Работнички од Скопје. Од 1987 до 1989 година настапува во Тетекс Тетово, кој е дел од Втората југословенска лига - исток. Летото 1989 г. се враќа во Струмица и настапува во Беласица до 1993 година, период во кој ќе се етаблира како еден од најдобрите дефанзивци во Македонија. Во сезоната 1990/91 настапува на 32 натпревари и заедно со М. Василев се двајцата играчи со најмногу настапи.

Во првата сезона во независна Македонија, Даскаловски одигрува 27 натпревари и постигнува два гола. Во периодот 1993-1995 настапува за Турново во Втората македонска лига. Летото 1995 г. пак се враќа во Беласица и во сезоната 1995/96 одигрува 23 натпревари во одбраната, покрај: Илиев, Стојановски, Иванов, Беличев, Панов. Следната 1996/97, Даскаловски одигрува 18 натпревари, а Беласица завршува на 10-тото место во лигата. Во последната негова играчка сезона е капитен на екипата и повторно забележува 18 натпревари, а неговиот последен натпревар е во мај 1998 година, против Борец во Велес. Даскаловски по фудбалската кариера има и успешна бизнис и политичка кариера.

Кариера

Беласица

Настапи
168
Голови
6

Фотографии

  • Марјан Даскаловски