Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Марио Донев

  • Играч

2009–2015

Биографија

Марио Донев е поранешен фудбалер на Беласица, Миравци и Победа од Валандово. Ги поминува сите младински категории во Беласица. За првиот тим дебитира во август 2009, на 16 години, против Локомотива од Скопје, под раководство на Милко Ѓуровски. Во првата сезона 2009/10, одигрува 6 натпревари во Втората македонска лига. Во оваа сезона ќе биде повикан да игра за репрезентацијата на Македонија до 17 години. Во февруари 2010 година настапува за Беласица на 2 натпревара на турнирот во Виареџо во Италија. Во следната сезона, 2010/11, Донев одигрува 20 натпревари, од кои на 15 натпревари ќе е стартер. Во следната, 2011/12 година, Донев е незаменлив во првата постава на Беласица и ќе одигра 29 од 30 натпревари. Во натпреварот против Руфеја од Брвеница ќе го постигне и својот единствен гол. Донев ќе одигра и два натпревара за младата репрезентација на Македонија до 19 години, во ноември 2011 година. Во оваа сезона, Беласица испаѓа од Втората лига, па во летото 2012 година Донев ќе замине во екипата на Миравци, каде ќе настапува во следните две сезони во Втората македонска лига.

По две сезони, Марио се враќа во Беласица, летото 2014 година. Донев во сезоната 2014/15, ќе настапи на 21 натпревар за Беласица во Третата македонска лига - исток и ќе постигне 4 гола. Беласица ќе биде прва, а во баражот, Беладица нема да успее во двомечот со Победа од Прилеп, Донев ќр насфапи и на двага натпревари и ќе постигне еден гол. Марио Донев во 4 сезони во Беласица, ќе одигра 76 првенствени натпревари и ќе постигне 5 гола. Летото 2015 година, Донев оди во Побрда од Валандово, каде на 14 натпревари ќе постигне 9 гола во Третата македонска лига-југ.

Кариера

Беласица

Настапи
76
Голови
5

Фотографии

  • Марио Донев