
Љупчо Стоилов
- Играч
1998–2003 (со прекини)
Биографија
Љупчо Стоилов е поранешен играч на Беласица и Турново, кој долги години со успех играше за овие клубови.
Стоилов во 1995 почнува да игра за Турново, кој се натпреварува во Втората македонска лига - исток. За Турново настапува до декември 1997 година, кога Турново се откажува од настапот во Втората лига заради финансиски потешкотии. Летото 1998 година преминува во Беласица. Дебитира против Металург од Велес, во август 1998 година. Стоилова одигрува вкупно 23 натпревари во сезоната 1998/99 играјќи во одбраната со: Г. Стојановски, М. Иванов, М. Костов и С. Танев. Во следната 1999/2000, одигрува 21 натпревар и постигнува 1 гол против Јака од Радовиш. Есента 2000 година игра за Беласица само против Пелистер, па затоа пак се враќа во Турново. Тој во сезоната, 2000/01, постигнува 24 гола, на 21 натпревар, во Третата лига-исток. Од сезоната 2001/02, Турново пак се враќа во Втората македонска лига. Летото 2002 година пак преминува во Беласица. Вкупно настапува на 22 натпревари во оваа 2002/03 година, играјќи во одбраната покрај: П. Стојанов, В. Костов, Р. Дориев и Н. Танушев. Летото 2003 година игра на двете средби против Публикум од Словенија, во купот на УЕФА. Во есенскиот дел игра на 12 натпревари, а последен му е против Маџари во Скопје.
Вкупно во Беласица за 5 сезони одигрува 79 првенствени натпревари и постигнува 1 гол.
Во јануари 2004 година пак се враќа во Турново и дел е од оваа екипа до летото 2010 година. Во сезоната 2007/08 Турново станува шампион на Втората македонска лига. Во првата сезона во Првата македонска лига, 2008/09, Хоризонт од Турново го освојува 6-тото место, а во тимот покрај Љ. Стоилов, се: Р. Христовски, Д. Георгиев, Д. Митрев, С. Димовски, М. Андонов, М. Ташев,...
Љупчо Стоилов со одиграни 12 сезони во Турново е една од легендите на овој клуб, покрај Т. Атанасов, М. Наков, Н. Стоев,... Стоилов има одиграно над 260 првенствени натпревари, што го прави играч со најмногу настапи за Турново, во независна Македонија. Тој има постигнато над 49 гола.
По завршувањето на кариерата бил и тренер на младинските категории на Хоризонт од Турново.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 79
- Голови
- 1
Фотографии

Љупчо Стоилов