
Љупчо Стоилков
- Играч
1950–1962
Биографија
Љупчо Стоилков (Николинчев) е поранешен фудбалер од 50-тите години на минатиот век. Тој е дел од генерација млади фудбалери на Беласица, кои во 1950 година игра полуфинале на младинското првенство на Македонија. Покрај него тука се: Цветков, Ефтимов, Ќосев, Р. Гошев, А. Трендов, Харилов,... Пролетта 1950 г., дебитира за првиот тим и игра стандардно и постигнува 6 гола во текот на оваа сезона. Во 1952 и 1953 игра за Беласица во Штипски потсојуз. Стрелец е за Беласица во првиот натпревар во Првата македонска лига. Стоилков игра стандардно во првиот тим на Беласица во двете сезони (1953/54, 1954/55), кога нашиот тим е дел од Првата македонска лига. Стоилков игра и на двата натпревари против Пелистер во квалификациите во 1956 година. Стоилков ги игра и првите три натпревари во четвртата југословенска зона, по што оди во ЈНА. Стоилков се враќа во сезоната 1958/59 и игра на сите пролетни натпревари. Во сезоната 1959/60, Стоилков одигрува 19 натпревари и постигнува 1 гол против Керамичар од Велес. Во следната сезона, Стоилков настапува на 9 натпревари. Во сезоната 1961/62, Стоилков постигнува гол против Плачковица, во Штипски потсојуз. Последен негов натпревар за Беласица е против Вардар од Неготино, во септември 1962 година.
Стоилков за Беласица одигрува 12 сезони и постигнува над 10 гола. Бројот на првенствени натпревари, кои ги одигрува Стоилков за Беласица би требало да бидат помеѓу 120 и 135 натпревари.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 120–135
Фотографии

Љупчо Стоилков