
Љупчо Мафков
- Играч
1972–1983
Биографија
Љупчо Мафков, најдобриот стрелец на сите времиња на Беласица со вкупно 115 првенствени голови, постигнати сите во Првата македонска лига.
Настапува на 260 првенствени натпревари по што е седми во историјата на Беласица, во текот на 10 сезони.
Ги поминува сите младински категории на Беласица пред да дебитира за првиот тим.
Дебито и првиот гол за Беласица го забележува против Слога од Скопје во март 1973 година, на 18-годишна возраст. Во следните две сезони е втор стрелец на тимот (1973/74 - 9 голови, зад М. Георгиев-Шеки, а 1974/75 - 10 голови, зад Б. Тасев). Најдобар стрелец во Првата македонска лига со 27 голови ќе биде во сезоната 1975/76, притоа на три меча постигнувајќи хет-трик. Следната 1976/77 со 19 голови е втор најдобар стрелец во лигата (хет-трик против Тиквеш), зад уште една наша легенда, валандовчанецот Миле Боев. Најдобрите македонски екипи ќе го бараат, но ќе остане верен на Беласица.
Во следната сезона (1977/78) по трет пат последователно е најдобар стрелец на тимот со 16 голови. На мечот против Транскоп дава хет-трик, а против Гостивар постигнува 4 голови. Во сезоната 1978/79, Беласица засилена со своите поранешни играчи, го освојува третото место, а Мафков со 12 голови е втор стрелец на тимот, зад Н. Секулов. Во сезоната 1979/80, по 4. пат ќе е најдобар стрелец на екипата со 11 голови, а Беласица пак е трета во Првата македонска лига. Оваа сезона на мечот против Љуботен постигнува 4 голови. Во сезоната 1980/81 постигнува 4 голови и оди во ЈНА во сезоната 1981/82. Се враќа во Беласица за сезоната 1982/83, кога Беласица станува шампион на Првата македонска лига и за прв пат во својата историја влегува во Втората југословенска лига - исток.
Последниот настап заБеласица го има во мај 1983 година против Охрид.
Ќе остане запаметен како еден од најдобрите напаѓачи во Македонија, во врвотна својата кариера (периодот од 1973 до 1980 година).
Кариера
Беласица
- Настапи
- 260
- Голови
- 115
Фотографии

Љупчо Мафков