Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Љубиша Николиќ

  • Играч

2000–2002

Биографија

Љубиша Николиќ е поранешен фудбалер на Беласица, Дубочица, Хајдук од Кула, Вучје, Работнички,... Во летото 2000 година, Николиќ доаѓа во Беласица, како големо засилување во нападот. Николиќ ќе дебитира во 4-тото коло против Вардар во Струмица. Првиот гол ќе го постигне во 7-мото коло против Борец од Велес, до крајот на есенскиот дел ќе постигне уште два гола. Во пролетниот дел, Николиќ голгетерски ќе експлодира и ќе постигне 13 гола. Во победата (10:0), над Борец од Велес постигнува 4 гола, а против Цементарница во Скопје постигнува хет трик. Николиќ на крај, ќе биде трет стрелец во лигата, а прв стрелец на тимот со 16 гола на 22 натпревари, пред В. Георгиев со 9, А. Стојков со 7 и Г. Пандев со 6 гола, а Беласица ќе заврши на четвртото место. Во летото 2001, Беласица ќе се засили со неколку играчи во нападот, како Љ. Савиќ, С. Лазаревски и Т. Атанасов, но сепак Николиќ ќе остане главен стрелец. Во есенскиот дел, Николиќ постигнува 8 гола и пак е прв стрелец на тимот. Во пролетниот дел на средбите против Куманово и Цементарница постигнува по два гола. На крај, Николиќ на 30 натпревари со 14 гола ќе е четврт стрелец на лигата и прв стрелец на тимот, пред Љ. Савиќ со 9 гола и З. Балдовалиев со 8 гола. Беласица ќе заврши на крај како втора и ќе се избори за пласман во купот на УЕФА. Николиќ во своите две сезони во Беласица, ќе ги оправда очекувањата, така да и во двете сезони ќе биде најдобар стрелец, вкупно постигнувајќи 30 гола на одиграни 52 првенствени натпревари. До 30 гола е само еден од 22 фудбалери со 30 и повеќе гола за Беласица. Во јули 2002 година ја напушта Беласица и заминува во Работнички од Скопје.

Кариера

Беласица

Настапи
52

Фотографии

  • Љубомир Николиќ