
Љубомир Георгиев
- Играч
2010–2015
Биографија
Љубомир Георгиев е поранешен фудбалер на Беласица. Тој ја започнува својата кариера во Беласица уште од најрана возраст поминувајќи ги сите младински категории. Дебитира во март 2010 година, на неполни 18 години, на гостувањето против Скопје. Љубомир до крајот на оваа сезона одигрува 9 натпревари. Во следната, 2010/11, Георгиев игра на 3 натпревари во есенскиот дел. Во следната сезона игра само против Пелистер во Битола, а Беласица испаѓа од Втората македонска лига. По подмладувањето на екипата на Беласица, во Третата макњдонска лига- исток, Георгиев почнува редовно да игра во одбранбената линија, заедно со: И. Ников, А. Багашовски и О. Падешки. Во следната, 2013/14, настапува на 24 натпревари како стартер. Беласица е шампион, а Љубомир игра и во баражот против Вардар од Неготино. Во последната негова сезона, 2014/15, одигрува 15 натпревари за Беласица. Последниот негов натпревар е против Брегалница од Делчево, во април 2015 година. Георгиев вкупно има настапувано во 6 сезони за Беласица и одиграно над 70 првенствени натпревари.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 70–75
Фотографии

Љубомир Георгиев