
Коте Харилов
- Играч
1950–1960
Биографија
Коте Харилов е поранешен легендарен фудбалер на Беласица, од 50-тите години на минатиот век. Дел е од младинскиот им на Беласица, кој во 1950 година, кој ќе се пласира на 4-то место за младински шампион на Македонија. Во првиот тим дебитира во есенскиот дел од квалификациите во 1950 година. Првиот гол го постигнува против Караорман, а дава гол и со Осогово. За Беласица настапува и во следната 1951 година, кога постигнува два гола против Локомотива од Гевгелија. Потоа заминува во ЈНА. Пролетта 1954 година настапува за Беласица во Првата македонска лига, а ќе биде стрелец на натпреварите против Караорман и Текстилец. Харилов и во сезоната 1954/55, постигнува за Беласица два гола во Првата македонска лига. Коте Харилов успева во сезоната, 1955/56, со Беласица да го освои првото место во Штипскиот потсојуз. Во квалификациите против Пелистер, Харилов постигнува гол во Битола, за 1:1 со Пелистер. Беласица се изборува за влез во 4-та зона, каде настапувале и екипи од Косово и Србија. Коте ќе настапи за Беласица на сите 24 натпревари во сезоната 1956/57 и ќе постигне два гола против Раднички Ниш и Трепча. Беласица испаѓа, а Харилов продолжува со игрите за Беласица и во Штипски потсојуз. Харилов ќе постигне повторно два гола и тоа против, Вардар Неготино и Осогово. Беласица во сезоната, 1958/59, пак е во Прва македонска лига, а Харилов ќе биде стрелец и на двата натпревари против Брегалница од Штип. Харилов ќе игра за Беласица и во следната сезона, 1959/60. Во есенскапата полусезона од првенствената 1960/61година, игра на 3 натпревара, а последен му е против Пелистер во Битола, во ноември 1960 година. Харилов како лево крило на Беласица ќе настапува вкупно 10 сезони.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 85–95
Фотографии

Коте Харилов